Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини
ЗДРАВЈЕ

Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Објавено May 31, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се клучни за рано откривање на болестите. Пациентите, пак, кај кои тие веќе се откриени трагаат по што поскоро изнаоѓање термин за специјалистички преглед.

Тие реагираат дека долго време, некогаш и со месеци чекаат за термин (кој го закажува матичниот лекар) за специјалистички прегледи во дел од клиниките и за радиодијагностика, а кога ќе го „добијат“, поради редици луѓе, чекаат по цел ден за да им биде извршен прегледот, а потоа и за да добијат резултат.

Од неколкуте клиники со голем број пациенти за преглед во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се согласни дека достапноста на термините и времето на добивање резултати зависат од повеќе фактори: приоритетот на упатот (итен, рутински или приоритетен), тековниот обем на работа, расположливиот медицински кадар, како и бројот и функционалноста на апаратите.

Една од јавните здравствени установи со голем број пациенти кои чекаат за одредена здравствена услуга е Универзитетскиот Институт за радиологија- Скопје.

Директорката на оваа здравствена установа проф.д-р Соња Николова во изјава за МИА вели дека oграничената достапност на термини е резултат на сериозни системски и структурни предизвици, кои директно влијаат врз капацитетот на Институтот и целокупниот квалитет на радиолошката услуга.

Како терциерна установа, Институтот прима пациенти од целата држава, посочува проф.д-р Николова и додава дека голем дел од упатите се доставуваат без јасна дијагностичка индикација, неточно означена итност или без клиничка документација што ја оправдува итната потреба.

-Не постои централен систем за верификација на упатите, ниту медицински тријажен филтер, кој ја проверува оправданоста и итноста пред испраќање. Радиолошкиот тим е под постојан и растечки притисок да одговори на барањата од системот, пациентите и законската рамка. Секој преглед бара време, концентрација и медицинска одговорност – бидејќи станува збор за комплексни дијагностички процедури каде што грешка не е дозволена. Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство и координативното тело на Мој Термин, со цел воспоставување ефикасен тријажен систем што ќе ја филтрира оправданоста на секој упат, реална проценка на итноста според медицински критериуми, подобрување на распределбата на пациенти и ротација на товарот меѓу сите радиолошки капацитети во земјата и зголемување на човечките ресурси, како и обновување и модернизација на дијагностичката опрема, вели проф-д-р Николова.

Во изминатиот период, радиолозите на Институтот, во координација со неа, започнале со интензивни активности – прекувремена работа и викенд ангажмани – со цел да се надоместат заостанатите медицински извештаи акумулирани во претходните месеци.

– Дел од предизвиците произлегуваат од повеќе фактори, како што се континуираниот одлив на специјалистички кадар, како и од трендот на неискористени или ненавремено откажани термини, што дополнително ја отежнува оптималната распределба на ресурсите. Апелираме до пациентите, доколку имаат потреба да го откажат својот термин, тоа да го сторат навремено, со цел други пациенти со итна потреба од дијагностика да добијат пристап до прегледи навреме, вели проф.д-р Николова.

Во Институтот за радиологија активно се работи на системски решенија во соработка со надлежните институции, вклучувајќи ажурирани протоколи и организирање скрининг програми за рана детекција на заболувања, особено во делот на мамографските прегледи.

Со голем број пациенти се соочува и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Според директорот на оваа јавна здравствена установа, проф.д-р Игор Стојковски кај нив не се чека за преглед, но се случува пациенти да чекаат во текот на денот, бидејќи физички не можат да постигнат побрзо да ги опфатат сите, бидејќи се една институција.

-За преглед не се чека. Понатаму се спроведува по индикација. Некои не се за зрачење некои се. Има различни локализации кои различно се вклучуваат во третман. Комплексен е третманот на малигни заболувања. Има прв дел дијагноза, хистологија, дополнителни испитувања за да почне третманот. Пациентот се прегледува првиот пат и се закажува за дополнителни испитувања, сликовна дијагностика, лабораторија, дополнителни молекуларни анализи. Тие најчесто се спроведуваат по другите институции. Кога ќе дојде со тие резултати се прави одлука за третман која може да биде хемотерапија, билошка терапија, радиотерапија, палијативна терапија. Не се чека за ниту еден преглед, сега физички не можеме да постигнеме, бидејќи сме една институција. Се случува да дојдат и да чекаат во текот на денот, вели проф.д-р.Стојковски и додава дека третманите се во рамките на очекуваното на протоколот.

Голем број пациенти секодневно има и на Универзитетската клиника за кардиологија, чиј директор Беким Поцеста во изјава за МИА вели дека за некои прегледи се чека подолго.

-Има повеќе причини некогаш тоа значи поголем број пациенти кои се праќаат од секундарно и примарно здравство, на пример за ехокардиографија, инаку другите се во нормален временски период. Само за ехокардиографија се чека околу три месеци заради напливот односно големиот број пациенти од другите градови кои доаѓаат на прегледи во целина воопшто. А за итните пациенти се прави кога треба. Другите прегледи се одвиваат регуларно. За коронарографија се чека три недели, што е нормално, што е најмалку можеби во Европа, посочува д-р Поцеста.

Во врска како тоа да се надмине проблемот со чекањето за одредени прегледи тој рече дека за тоа подолго време е разговарано во Министерството за здравство.

-Очекуваме да се направи во секундарно ниво по сите градови да има ваков апарат, да се обучат кардиолози од другите установи, болници во државата. Кај нас е голем бројот на пациенти со години, додаде д-р Поцеста.
Надлежните во Министерството за здравство се запознаени со состојбата во дел од клиниките и инстиутите уверуваат дека се вложуваат максимални напори за нејзино подобрување.

Посочуваат дека согласно одлуката на Владата во тек е процесот на вработување на првите 300 приватни специјализанти, кои ќе бидат распределени низ болниците и клиниките каде има потреба од кадар. Според најавите од Министерството, во следна фаза се очекува да бидат вработени уште 300 приватни специјализанти од повеќе различни области, што истовремено ќе значи значително кадровско зајакнување на јавното здравство

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште
Следна Статија Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Европска агенција за лекови: Оземпик може да предизвика многу ретко нарушување поврзано со трајно губење на видот

Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро познатиот Оземпик, се поврзани со зголемен ризик од…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот

Неколку медицински сестри кои работеле на ист кат во болница во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс, се разболеле од…

April 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок.На Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?