Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

Објавено March 6, 2026 19:10
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната и на останатите работнички плати.

На прес-конференција во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, информираше дека протестот ќе започне во 12:05 часот и ќе се движи од пред Работничкиот дом кон Собранието, Стопанската комора и Владата.

ССМ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за најмалку 6.000 денари. Според Трендафилов, планираното усогласување на минималната плата од околу 1.667 денари е недоволно и не ги следи растечките трошоци за живот.

Тој истакна дека повеќе од 160.000 работници во државата примаат плата пониска од 30.000 денари, што, според него, покажува дека значителен дел од работниците се соочуваат со сериозни економски тешкотии.

„Работниците мора да излезат и да се борат за своите плати. Колку повеќе работници ќе има на протестот, толку поголем ќе биде притисокот за промени“, рече Трендафилов, додавајќи дека ССМ ќе организира превоз за учесници од повеќе градови во државата.

Тој нагласи дека синдикатот ги отфрла, како што рече, „политичките игри“ поврзани со работничките барања и посочи дека одговорност за состојбата со платите имаат и актуелната власт и поранешните влади.

Од ССМ најавија дека доколку нема напредок по протестот, можно е организирање и на генерален штрајк. Според синдикатот, работничката борба ќе продолжи сè додека не се обезбеди значително зголемување на платите и подобрување на животниот стандард на работниците.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот
Следна Статија Markets begin to react as Trump’s attack on Iran risks hitting American pocketbooks – The Washington Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈАЗАБАВА

Нова ера на вештачка интелигенција: OpenAI вложува 50 милијарди долари

OpenAI најавува огромна инвестиција во инфраструктура за развој на вештачка интелигенција. Станува збор за проект вреден 50 милијарди долари. Овој…

May 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?