Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев: Бугарија е подготвена да преземе уште повредени од пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Радев: Бугарија е подготвена да преземе уште повредени од пожарот во Кочани
БАЛКАН

Радев: Бугарија е подготвена да преземе уште повредени од пожарот во Кочани

Објавено March 18, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот во Кочани и се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Република Македонија во Софија.

Радев изјави дека Бугарија е подготвена да прифати на лекување повеќе повредени и оти се чека македонските власти да кажат дали има потреба од преземање на уште десет лица.

Во бугарските болници во моментов се хоспитализирани 14 повредени, кои беа пренесени со воено-транспортен авион „Спартан“ и со амбулантни возила на софиската Итна медицинска помош.

– Во готовност се и авионот „Спартан“ и медицинските тимови, така што ќе продолжиме да даваме помош. Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага во се што е потребно. Најважно е што оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата можеби ќе мора да се потпираат еден на друг, но не само во денови на искушенија како денешните, туку заради нашата заедничка европска иднина, рече шефот на бугарската држава.

Тој им се заблагодари на бугарските медицински тимови и воениот персонал за брзата реакција и професионалноста во транспортот на повредените и за укажаната специјализирана медицинска помош.

Македонската амбасадорка Агнеза Руси Поповска, која го пречека претседателот Радев во амбасадата, изјави дека денеска во Софија се очекува да пристигнат министрите за здравство и за надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски за да ги посетатат повредените македонски граѓани хоспитализирани во бугарските болници.

Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во С Македонија.

Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираат крводарителска акција за повредените во пожарот. Како што пренесуваат бугарските медиуми, само во првите два часа над 120 луѓе во Софија дарувале крв за настраданите во трагедијата во Кочани.

До крајот на неделата на паркингот на болницата „Пирогов“ ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст каде медицинските лица и волонтери ќе ги примаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените. Роднините на настраданите можат и добијат психосоцијална поддршка, како и друга помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници
Следна Статија Тошковски разреши шест началници од Штип и Кочани и еден командир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Илјадници луѓе седма ноќ го блокираа РТС

Студентите седма ноќ ја минаа во блокада пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград. Тие го наполнија…

April 21, 2025
БАЛКАН

Уапсен 19-годишниот напаѓач во хрватското училиште, обвинет е за 45 кривични дела

Деветнаесетгодишникот кој е осомничен дека убил седумгодишно момче и тешко ранил уште три момчиња и наставничката во загрепското основно училиште…

December 31, 2024
БАЛКАН

Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Познатиот шведски претприемач Карл Улф Стур Лундстром кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во…

March 12, 2025
БАЛКАН

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар

Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?