Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите
МАКЕДОНИЈА

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Објавено October 5, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор што го имал со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова пишува државната информативна агенција на Бугарија, БТА.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на Македонија да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофата“, вели шефот на бугарската држава.

Разговорот меѓу двајцата претседатели доаѓа во период кога Бугарија се соочува со интензивни дождови и поплави кои зафатија голем број области во земјата, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.

Поплавите, според последните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, однесоа четири животи.

Активностите за итни случаи продолжуваат, а волонтери, воени и социјални екипи работат на расчистување на патиштата, обезбедување на безбедноста на населението и враќање на нормалниот ритам на животот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе ја претвориме во европски центар за третман на отпад
Следна Статија (Видео) Бразилскиот тинејџер Естевао му пресуди на Ливерпул во 96.минута

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ информира дека испратиле писмо со барање до министерот за животна средина…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и по општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово…

April 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова има предлог за иден гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Просечната излезност во Скопје до 9 часот е под државниот просек

До 09:00 часот, според официјалните податоци на ДИК, излезноста во скопските општини е умерена, со забележливи разлики меѓу урбаните и…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?