Непознати сторители украле 12 тони чоколадни плочки „КитКат“, а никој во Европа не знае каде е исчезнат камионот во кој се транспортирале слатките.
Според соопштението, исчезнале 413.793 чоколадни плочки. Инцидентот се случил некаде на транспортна рута меѓу Италија и Полска.
Од компанијата производител на „КитКат“ изјавија дека „го ценат исклучителниот вкус на криминалците“.
