Разорен земјотрес во Мјанмар: тресеше и во Тајланд на 1000 километри од епицентарот (ВИДЕО)

- Advertisement -

Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот се почувствувал многу силно во соседна Индија, но и во Тајланд, каде во главниот град Бангкок се урна облакодер во изградба.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се потресе повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тие во коментарите.

Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути.

Сподели ја оваа статија