Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично
МАКЕДОНИЈА

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Објавено July 16, 2025 18:51
Сподели
Сподели

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го водел, од 15 јули годинава е повторно вработен во МВР – како инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција, објавива Скопје 1.

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ објаснуваат дека Нанев имал активно право на враќање на работа во рок од 30 дена по престанување на функцијата судија, бидејќи неговото претходно работно место во МВР (пред да стане судија во 2002 година) било ставено во мирување со решение на тогашниот министер Љубе Бошкоски.

„Поради престанување на причините за мирување на работниот однос, односно разрешувањето од судиска функција, Нанев поднел барање за враќање на работа. Врз основа на тоа, согласно Законот за работни односи, е вратен на позиција која одговара на неговиот степен и вид на стручна подготовка“, велат од МВР.

Токму за случајот поради кој беше разрешен, Нанев сè уште се гони кривично – а судењето е закажано за крајот на септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје
Следна Статија Паника во Белград: Зебра избега од кафез, повреди маж и дете во зоолошката градина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Истрагата која ќе заврши за брзо ќе покаже дека пожарот во Кочани е последица на корумпиран систем

Од доказите со кои што сум запознаен во рамките на истрагата, која напоменувам се уште не е завршена, говорат за…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат

Компанијата „Реплек“ во годината кога слави 80 години постоење, прави нов визионерски чекор напред. „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески за рекетот врз Митрев: Парите од Преспанскиот и Договорот со Бугарија морале некако да се исперат

Една реченица која кажа премногу. Ова е најдобар приказ на врската на организираните криминални групи со политичките елити кои настапуваат…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?