Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ракот на дојка бара системски пристап: Експертите повикуваат на рано откривање, превенција и едукација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ракот на дојка бара системски пристап: Експертите повикуваат на рано откривање, превенција и едукација
ЗДРАВЈЕ

Ракот на дојка бара системски пристап: Експертите повикуваат на рано откривање, превенција и едукација

Објавено October 10, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Во услови на растечка инциденца и сѐ помлада возраст на пациентките, експертите алармираат – неопходно е подигнување на свеста, организиран скрининг и континуирана едукација на медицинскиот кадар за ракот на дојка. Раното откривање не само што спасува животи, туку значително ги намалува трошоците и го олеснува третманот. Ова беа клучните пораки од Меѓународниот симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“, организиран од Аџибадем групацијата и Здружението ЕЗРА.

На симпозиумот учествуваа истакнати лекари од земјава, Турција и Албанија, кои ги споделија најновите практики во дијагностицирањето и лекувањето на ракот на дојка, со акцент на раната дијагноза, естетски зачувувачки хируршки техники и напредни терапии.

Специјалистот по градна хирургија, д-р Андреја Арсовски, во изјава за МИА ја нагласи сериозноста на состојбата, посочувајќи три клучни проблеми: пораст на инциденцата, намалување на возраста на пациентките и недостиг на организиран скрининг.

-Состојбата е, би рекол, сериозна, затоа што имаме постојан пораст на инциденцата од една страна, од друга страна возраста се намалува, имаме сѐ повеќе групи на помлади пациенти и од трета страна сѐ уште немаме добро дизајниран и организиран скрининг кој што може да доведе до што поголем број на пациентите да се откриваат во најраните фази кога резултатите од лекувањето пред сѐ се многу подобри, поедноставни и поефтини, рече тој.

Арсовски предупреди дека импровизациите во здравствениот систем се неприфатливи и посочи дека треба да се работи на доедуцирање на кадар кој што ќе го спроведува скринингот. Во однос на капацитетите за справување со проблемот, изјави дека не се доволни.

-Капацитетите во моментот не се доволни. Пред сѐ во делот радиолози и радиотехничари кои што се обучени за спроведување на адекватен скрининг. Меѓутоа, со една ангажираност на сите, од политички, социјални и здравствени фактори, мислам не е проблем да се подобри значително состојбата во наредниот период. Сметам дека не смееме веќе да премолчуваме пред овој проблем што може да се реши. Ние како хирурзи воведуваме и нови техники, успеваме да се справиме со хируршкиот дел на овој навистина сериозен проблем, меѓутоа, тоа е само еден дел од решавањето на проблемот, посочи тој.

Специјалистката по радиодијагностика, д-р Маја Стојчевска – Чапова, истакна дека иако свесноста за ракот на дојка е во пораст, бројките покажуваат дека кај нас сѐ уште доминираат доцните дијагнози.

-Свесноста за постоењето на малигните болести на дојка е постојано во пораст и добро е дека постојано се зборува за тоа, меѓутоа сѐ уште не е на задоволително ниво. Ако во светски рамки, стапката на рано откриени карциноми на дојка се движи околу 75 проценти на сите новооткриени карциноми на дојка, кај нас е малку обратно. Само околу 27 проценти од пациентите дијагностицирани со малигна болест во моментот на дијагноза беа во ниските стадиуми 0 и 1, рече таа.

Апелираше до жените да не чекаат симптоми, туку да се појавуваат на превентивни прегледи со цел рано откривање на карциномот на дојка.

Во однос на технологијата, таа додаде, неопходна е постојана едукација на лекарите.

-Секако, голема улога во раното откривање на карциномот на дојка е можноста да се користат соодветни машини кои што имаат можност да го детектираат рано карциномот… Исто така, важна е континуирана едукација на лекарите што се занимаваат со оваа патологија бидејќи постојано доаѓаат нови информации, додаде Чапова.

Хирургот Илир Вела од Клиничкиот центар Скопје, исто така, потврди дека и покрај постоењето на Национална програма за скрининг, пациентките сè уште доаѓаат во напреден стадиум.

-Во Македонија без разлика што постои Национална програма за скрининг на дојка, и секоја година последните 20 години се одржуваат во тек на октомври разни панели, дискусии, симпозиуми за третирање на карциномот на дојка, кај нас се уште доаѓаат пациенти во напреден стадиум. Тоа е мака како за пациентите така и во однос на медицинскиот третман, рече тој, додавајќи декка третиот Ц стадиум е најлошиот и најтежок за третман.

Предупреди дека карциномот на дојка веќе не познава возраст и апелираше секоја жена редовно да прави самопреглед.

-На нашата Клиника имаме пациенти оперирани на возраст од 22-23 години. Веќе нема граница на тоа. Секоја девојка или секоја жена најважно е да направи самопреглед… Самопрегледот е многу важен, потенцираше тој.

Меѓународниот симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“ понуди продлабочени теми како рана дијагноза на тумори кои често се пропуштаат на снимки, нови техники на мастектомија кои ја зачувуваат естетиката и квалитетот на живот, напредокот во радиотерапијата, како и еоадјувантни третмани што суштински го менуваат пристапот кон лекувањето.

Октомври е меѓународно признат како месец на свесност за ракот на дојка, познат и како „Розов октомври“. Овој месец има длабоко значење и важна улога во борбата против оваа болест, која е најчестиот карцином кај жените и водечка причина за смртност кај женската популација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамниците не мируваат: Битолчанка дала 27.000 евра за наводна операција на ќерка и
Следна Статија Живко Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во Италија, е пионер во медицинскиот третман на прекумерната…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при…

December 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?