Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
БАЛКАН

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено March 30, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот – „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.

– Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на  потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.

Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади – македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп одговори на прашањето „што е жена“
Следна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Се сеќавата на Аиво Орав од времето на Шарените: Ја заврши кариерата и на Косово

Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово. Шибел…

July 13, 2026
БАЛКАН

Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по…

May 25, 2025
БАЛКАН

Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на…

June 27, 2025
БАЛКАН

Високиот претставник во БиХ кој побара да се осуди Додик има плата од 24.000 евра месечно и никаде не плаќа данок

Денеска беше изречена пресудата за претседателот на Република Српска Милорад Додик за т.н непочитување на одлуките на Уставниот суд на…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?