Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рани знаци на хипертироидизам и хипотироидизам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Рани знаци на хипертироидизам и хипотироидизам
ЗДРАВЈЕ

Рани знаци на хипертироидизам и хипотироидизам

Објавено March 21, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Иако тироидната жлезда е мала жлезда што се наоѓа на предниот дел на вратот, нејзината функција има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на телото.

Тироидната жлезда ги произведува хормоните Т-3 (тријодотиронин) и Т-4 (тироксин), коишто преку крвта се пренесуваат до сите клетки и ја регулираат нивната функција.

При нарушување на тироидната жлезда, има различни симптоми и тие се манифестираат на повеќе начини. Препознавањето на предупредувачките знаци на проблеми со тироидната жлезда е важно за навремена дијагноза и третман. Кога, на пр., тироидната жлезда произведува премногу хормони, сите процеси во телото се забрзуваат, предизвикувајќи така различни нарушувања. Тоа се нарекува синдром на хиперактивна тироидна жлезда или хипертироидизам. Најчестите симптоми се:

Тахикардија и срцеви неправилности. Пациентите со хиперактивна тироидна жлезда често имаат забрзан пулс (над 100 отчукувања во минута), па може да доживеат и прекокнување во ритамот на срцето, болка во градите и треперење.

Дигестивни нарушувања. Забрзаното варење може да доведе до дијареа, а некои пациенти може и брзо да ослабат, иако јадат големи количини храна.

Вознемиреност и треперење. Ова се јавува како чувство на немир, трепет на телото, особено на рацете, како и психички немири, анксиозност, фобии и намалена концентрација.

Проблеми со видот. Заматен вид, двојна слика, пецкање во очите и тешкотии со затворање на очните капаци – се само дел од симптомите кои укажуваат на хипертироидизам.

Проблеми со спиењето. Лош сон, отежнато заспивање и прекинат сон се, исто така, вообичаени симптоми.

Губење на влакната. Се јавува како паѓање на косата, но и веѓите, трепкитеитн.

Менструални неправилности и намалена плодност. Жените може да забележат неправилности или зголемена опасност од прекин на бременоста.

Промени на кожата и ноктите. Кожата може да стане сува, а ноктите – кревки и кршливи.

Намалената работа на тироидна жлезда е позната како хипотироидизам. Тоа предизвикува забавување на телесните функции. Симптомите на хипотироидизам вклучуваат:

Поспаност и замор. Луѓето со слаба тироидна жлезда често се чувствуваат исцрпени и поспани, дури и по квалитетен сон.

Намалена концентрација. Помалата способност за сосредоточеност може да доведе до послаби резултати на училиште, работа итн.

Зголемување на телесната тежина. Задржување на течности во телото, отечени очни капаци и раце, како и зголемување на телесната тежина, често се поврзуваат со хипотироидизам.

Проблеми со циркулацијата. Чувството на забрзано срце и покачен крвен притисок може да се појави дури и при мирување.

Запек и варење. Бавното варење доведува до запек. Се јавува и се намалува.

Менструални неправилности и губење на либидото. Жените со хипотироидизам може да забележат неправилни циклуси, а и послабо либидо и слаба плодност може да бидат знаци.

Ментални проблеми. И депресија, анксиозност, намалена интелектуална функција и промени во расположението може да се појават како резултат на слаба тироидна жлезда.

Губење на косата и промени на кожата. Како и хипертироидизмот, и хипотироидизмот, исто така, предизвикува опаѓање на влакната и промени на кожата, којашто станува сува, испукана итн.

Очни нарушувања и пецкање во телото. И двојно гледање, трнење во телото, чувство на „грутка“ во грлото, отежнато голтање и проблеми со дишењето – се дел од последиците.

Проблемите со тироидната жлезда, без разлика дали станува збор за хипертироидизам или хипотироидизам, може значително да влијаат на здравјето и квалитетот на животот. Препознавањето на симптомите и нивното навремено лекување е од клучно значење. Доколку забележите некој од горенаведените симптоми, препорачливо е да се консултирате со лекар кој ќе ги направи соодветните тестови и ќе ја утврди причината за проблемот.

Со навремена интервенција може да се спречат посериозни здравствени компликации и да се врати рамнотежата во тело.

Hypothyroidism and Hyperthyroidism: key Things To Note

Your thyroid is the small, butterfly-shaped gland in your neck You can call it the CEO of your metabolism.

When it’s working normally, you feel alright. But when it things gk wrong, either being too slow… pic.twitter.com/gRyFPTWKZ9

— 🔥🍫Pharm.Unique (@celebritypharm) February 27, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети
Следна Статија Голем пожар беснее кај Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

Пандемијата на Ковид-19 била штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, открива нова…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата сака да го врати паралелниот увоз на лекови предупредува СДСМ

СДСМ преку соопштение за јавност информира дека свиркачи од Министерството за здравство до нив доставиле информации дека Владата на Христијан…

December 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух

Децении изложеност на високи концентрации на аерозагадување го поткопуваат имунолошкиот систем на жителите, вели професор Драган Ѓорѓев за Радио Слободна…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?