Распука асфалтот на патот што води кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода. Ова е констатирано од денешниот увид на терен направен од градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајкоска, и од градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, по што е донесена одлука за итно затворање на сообраќајот на овој патен правец.
Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето“,напиша Стаменковска-Трајкоска на својот фејсбук-профил.
Воедно, упати и апел до граѓаните доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот.
Патот кон Теферич се асфалтираше лани во септември откако претходно распука. При тогашната санација патот беше затворен неколку месеци.