Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
ЕКОНОМИЈА

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Објавено July 1, 2025 09:43
Сподели
Сподели

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно., стои во соопштението на Народната банка.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 п.п. и изнесува 4,72%. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,32%.

Каматни стапки на корпоративниот сектор3 – Во мај, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,66% и е пониска за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при забележан пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка бележи намалување од 0,65 п.п.

    Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п.

    Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета на месечна основа и изнесува 2,62%. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,41 п.п. ‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,30% и забележа месечен раст од 0,07 п.п. Нагорната промена во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,21 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 п.п. на годишно ниво, ннформираат од Нардоната Банка.

    Во мај, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,45%. Анализирано по валута, промената произлегува од падот на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,20 п.п.

    Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79%. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п.

    Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,15% и бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,34 п.п. – Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 овој месец е пониска за 0,08 п.п. и изнесува 2,34%. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п.

    Сподели ја оваа статија
    Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
    Сподели
    Претходна Статија Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите
    Следна Статија (ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Кос

    БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    ЕКОНОМИЈА

    „Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

    Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван…

    November 12, 2024
    ЕКОНОМИЈА

    Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)…

    December 16, 2024
    ЕКОНОМИЈА

    На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

    На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

    September 15, 2025
    ЕКОНОМИЈА

    Деаноски: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

    Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на…

    March 26, 2025
    Trending
    contact@trending.mk

    © Trending.mk  |  All Rights Reserved.

    Импресум
    Welcome Back!

    Sign in to your account

    Username or Email Address
    Password

    Lost your password?