Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
ЕКОНОМИЈА

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Објавено April 8, 2026 17:35
Сподели
Сподели

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално, покажува индексот на цени на недвижности што го објавува Народната банка, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град.

Минатата година, во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 процент, а во четвртиот од 25 проценти.

Агенцијата за катастар на недвижности во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Во 2025 година становите останаа најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваа со 33 проценти во вкупниот број купопродажби и 48 проценти од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9 проценти, нивната вредност пораснала за 10,8 проценти.

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така имаат и највисоки просечни цени на становите, од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во општина Центар за 1.500.000 евра. Најскап деловен простор е продаден во општина Центар за 6.800.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана
Следна Статија Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските берзи растат, нафтата под 100 долари

Цените на нафтата бележат пад во раното тргување во петокот, продолжувајќи го негативниот тренд под влијание на зголемениот оптимизам за…

April 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација

Германците се сè повеќе вознемирени поради продолжената економска криза и општата неизвесност, поради што го отвораат паричникот сè поретко –…

December 20, 2025

Златото достигна нов врв, преминувајќи 5.000 долари за унца

Зголемувањето доаѓа поради растечки геополитички ризици и фискални загрижености низ светот

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?