Рајо не го заборава: Цел стадион во Ваљекас му аплаудираше на Димитриевски

- Advertisement -

Столе Димитриевски и неговата Валенсија гостуваа кај Рајо Ваљекано во рамки на колото во Примера, а специјален момент имаше за голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативец се врати на местото на успехот каде ги имаше најдобрите клупски партии во кариерата. Публиката и тимот не му заборавија за се што направи, па целиот стадион му даде овации.

31-годишниот Димитриевски бранеше за Рајо Ваљекано од 2018 до 2024 година.

Сподели ја оваа статија