Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија
МАКЕДОНИЈА

Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија

Објавено March 27, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека реакциите на дел од грчките медиуми по употребата на терминот „Македонија“ во говор на првата дама на САД, Меланија Трамп, се очекувани и не претставуваат изненадување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека вакви реакции постоеле и ќе постојат, нагласувајќи дека државата треба да настапува достоинствено и самоуверено кога станува збор за националниот идентитет.

Воедно, премиерот ги отфрли како неточни обвинувањата во дел од грчките медиуми дека некој дипломат имал пристап до говорот на Трамп пред неговото обраќање.

– Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на САД, пред таа да го каже во јавноста, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник. Јас не верувам. Бидејќи тоа би претставувало безбедносен ризик за САД, рече Мицкоски.

Според него, такво нешто не е можно, бидејќи би претставувало сериозен безбедносен ризик и нарушување на протоколите.

Мицкоски порача дека не треба да се создаваат непотребни конструкции околу настанот, потенцирајќи дека Македонија треба да води рационална и принципиелна надворешна политика.

Изјавата доаѓа откако дел од медиумите во Грција бурно и полни со разочарување реагираа на употребата на зборот „Македонија“ од првата дама на САД, што повторно ги отвори чувствителните прашања поврзани со името и меѓудржавните односи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ
Следна Статија Избрани четворица нови обвинители за организиран криминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа африкански топол бран и пеколни температури до 40 степени

Од утре температурите повторно ќе се зголемуваат. Под влијание на воздушна маса од Африка, во нашата држава температурите ќе се…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Големо невреме го зафати Охрид, граѓаните да се воздржат од движење

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања кон Израел и Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?