Звучи како да ни се одвива филм пред очи, само што сценариото е реално и последиците се трагични.
Кога врвот на пирамидата, наместо да гони криминал, е изворот на истиот, тогаш секоја акција “против дрогата” е чиста театарска претстава за јавноста.
Дури и тоа со спортски директор како добавувач е најциничниот можен апсурд – човек што треба да гради здрав дух кај младите, им го труе телото и умот.
А потоа, исти тие ќе се појават на некој спортски настан да држат говори за млади и иднина…
Сега ке распишат избори па кој сака да му ги дрогираат децата и да се понашаат како државата да им е наследство од дедо им нека си ги гласаат со двете раце, само немој утре да квичат и да викаат детето ми е наркоман!!!, напиша Благојчо Горгиев на социјалните мрежи.
Реакција за Масев: Човек што треба да гради здрав дух кај младите, им го труе телото и умот
