Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на трибината на СДСМ: Партијата им ја води човек поради кој изгоре болница во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на трибината на СДСМ: Партијата им ја води човек поради кој изгоре болница во Тетово
ПОЛИТИКА

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на трибината на СДСМ: Партијата им ја води човек поради кој изгоре болница во Тетово

Објавено June 22, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Лицемерно е СДС да зборува дека Македонија била понижена, бидејќи тоа што СДС го направи за 7 години на државата, ќе треба време да се исправи, но затоа имаме доверба од граѓаните да доведеме ред, реагира ВМРО-ДПМНЕ на трибината на СДСМ.

Во однос на земјоделците, срамно е СДС да зборува за истите, откако не успеаја да им ги исплатат субвенциите кои ги имаа заслужено истите, секојдневно на улиците имавме протести од незадоволни земјоделци, а во институциите како Македонски шуми и АД Водостопанство – платите доцнеа по неколку месеци. Со ВМРО-ДПМНЕ рекордни 9 милијарди денари исплатени субвенции, од 2021, 2022, 2023 и 2024 година, помош и поддршка на земјоделците и навремено исплаќање на плати, што беше мисловна именка во време на СДС.

За транспортот и договорот со ОК, во 2017 година, патот Кичево-Охрид беше 53% изработен, за сега по 7 години власт на СДС, да биде доработен само за 10%, или скоро 1% годишно. Стратешкиот договор со ОК е јавен, транспарентен и достапен за јавноста, договор кој не става на иста маса со големите држави и ни помагаат да ја подобриме инфраструктурата во секој можен аспект. Нема веќе договори во 4 очи кои ќе се даваат на блиски лица до одредена партија.

СДС кога зборува за образование и здравство, навистина е безобразно. Партијата им ја води човек, поради кој изгоре болница во Тетово заради анекси од 20% да ги стави во џеб, немање онколошки терапии и давање на тендери на фирми блиски до него. Да не говориме за провизиите за вакцините и 10 илјади починати поради неспособноста на Филипче да се справи со пандемијата. За образованието навистина е дегутантно да се зборува, и би го кажале само следново. Учениците на први септември имаат учебници, во време на СДС, не постоеја учебници.

СДС зборуваше и за младите кои ги заборави, а им ветуваше студентски градови, нови факултети и студентски домови. Сега, се реконструираат студентските домови, се градат нови факултети, се реконструираат неколку постоечки факултети, се помагаат младите за отворање на бизниси со новиот оперативен план за 2025 година, а секако од септември – 250 евра за нов електронски уред за секој студент.

Темите како судство и безбедност, би ги ставиле во една како што и СДС на трибината истото го направиле. Безбедноста под нивна палка, беше да се даваат пасоши на белосветски криминалци и да се заштитуваат криминалните банди од Грчец и Сарај. Судството кое треба да носи правда, е избрано од нивните тефтерчиња во Муртино и се прави немо и слепо, кога станува збор за одговорност за член на нивната политичка партија. Тогаш судиите и обвинителите работат по насока од Бихаќка.

За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа општините со финансиски средства за капитални инвестиции. Македонија е големо градилиште и се работи на нови градинки, училишта, улици, патишта. Македонија се гради како никогаш до сега.

За меѓународната политика, кога говореа луѓе како Жерновски и Фрчковски, тогаш знаеме дека сме на правиот пат. Партија која смени име, смени Устав и не понижуваше на секакво поле во Европа, нема потреба да се коментира и требаше барем за ова да одмолчат и да се извинат.

Затоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја прави Македонија горда и повторно твоја. Со проекти и дела, не со соопштенија и прес-конференции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Живеачката станува неподнослива
Следна Статија Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ го лажеше народот иако знаеше дека уставните измени не се последното барање од Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најлошата дипломатија што ја имала нашата држава беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ, кои освен…

April 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните…

November 9, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?