Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реал Мадрид ја прекина серијата на Барселона и го доби „Ел Класико“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Реал Мадрид ја прекина серијата на Барселона и го доби „Ел Класико“
СПОРТ

Реал Мадрид ја прекина серијата на Барселона и го доби „Ел Класико“

Објавено October 26, 2025 20:32
Сподели
Сподели

Екипата на Реал Мадрид славеше во дербито на 10.коло на Ла Лига и на домашен терен ја совлада Барселона со 2:1 во 261.то „Ел Класико“. Со овој триумф „кралскиот клуб“ ја прекина серијата на големиот ривал, кој минатата сезона ги доби сите четири меѓусебни натпревари.

Дербито почна со досудениот пенал за Реал Мадрид, но по прегледувањето на ВАР снимката судијата го поништи пеналот. Неколку минути подоцна радост на Сантијаго Бернабе, но голот на Килијан Мбапе беше поништен поради офсајд. Сепак 10 минути подоцна славје за домашниот тим, Мбапе ја реализираше шансата за водство од 1:0.

Гостите по примениот гол ги консолидираа редовите и во 38.минута ја казнија грешката на домашниот тим и преку Фермин Лопез изедначија на 1:1. На полувреме сепак Реал имаше предност откако во 43.минута Џуд Белингам ја затресе мрежата на Барселона. Мбапе. До крајот на дуелот двете екипи имаа шанси, но немаше промена на резултатот. Во центарот на вниманието беше и Винисиус, кој откако беше заменет во 72.минута реагираше бурно на одлуката на тренерот Чаби Алонсо. Во судиското надополнување на вториот дел по вториот жолт картон на Педри и црвен дојде до мешаница меѓу двете клупи.

По денешниот натпревар и 10.коло Реал Мадрид е лидер на табелата со 27 бодови, пред Барселона која има 22.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар
Следна Статија Принцот Вилијам се согласи на тајна средба со Хари, но под свои одредени услови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, пројавил интерес за купување на Ливерпул, и тоа како се прошири како молња во…

January 8, 2025
СПОРТ

Извор: Кифин најверојатно ќе потпише договор со ЛСУ во недела

Извори за Еспн доцна во сабота изјавија дека очекувањата се дека ЛСУ, еден ден по завршувањето на редовната сезона, ќе…

December 1, 2025
СПОРТ

Ни 41 поен на Лејкерс не беа доволни за Лејкерси

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Феникс, иако Лука Дончиќ реализираше 41 поен, кои се покажаа недоволни за…

February 27, 2026
СПОРТ

Ѓорческа ќе игра четвртфинале на турнирот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Нејзината ривалка Дарја Астахова го предаде мечот…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?