Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ребалансот помина на Влада, ќе се потрошат 179 милиони евра повеќе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ребалансот помина на Влада, ќе се потрошат 179 милиони евра повеќе
ЕКОНОМИЈА

Ребалансот помина на Влада, ќе се потрошат 179 милиони евра повеќе

Објавено June 23, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Министрствата за животна средина и за транспорт и врски ќе добијат најмногу пари за капитални расходи со ребалансот на буџетот за годинава, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги проекциите од ребалансираниот буџет кои денеска се прифатени од Владата.

-Министерството за животна средина ќе добие 2,3 милијарди денари за капитални расходи од кои 1 милијарда денари се пари од сметката на Министерството од кредити и од други приходи. Транспорт ќе добие 1,4 милијарди денари бидејќи поради силната реализација на проектите ова Министерство веќе нема пари на сметката за капитални расходи. Пари ќе добие и Министството за образование во износ од 426 милиони денари како и Државната изборна комисија која побара повеќе ,а доби 200 милиони денари дополнителни средства за инвестиции за обнова на инвентар и опрема. Дополнителни средства ќе добијат и други институции но во помал износ – рече Димитриеса Кочоска.

Таа појасни дека за разлика од Буџетот со ребалансот расходниот дел од буџетот се зголемува за околу 179 милиони евра од кои за капитални инвестиции има дополнителни 100 милиони евра.

Димитриеска –Кочоска појасни и дека нема да се зголеми процентот на буџетскиот дефицит во БДП и тој ќе остане 4,1%, а дел од парите ги добиваат државните институции со ребалнсираниот буџет се добиени од нивните сметки создадени од очекуваните донации и како резултат на неданочни приходи каде што според проценките на министерката се чуваат повеќе од 10 милиони денари.

– Особено значајно е што со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции. Капиталните расходи достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој – рече Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска информира и дека зголемување на расходите ќе има и за плати ставка која е зголемена за 1,1 милијарда денари.

Со овој ребаланс вкупните приходите остануваат во рамки на проектираното односно се ревидираат од 374,9 милијарди денари на 379,2 милијарди денари. Вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари,

Дефицитот се зголемува од 39,2 милијарди денари на 46,1 милијарда денари. За првпат, како што рече министерката, зголемувањето на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата.

Буџетскиот дефицит и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тухел не сака пауза за хидрација
Следна Статија Почина Јовица Илиевски, градоначалник на Брвеница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ: Преку викенд набавки на електрична енергија по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажа како со паметно и домаќинско работење може да се оствари приход и истовремено да се зачуваат домашните…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Елон Маск најавува историска инвестиција од 20 милијарди долари во Мисисипи

xAI на Елон Маск планира да изгради огромен податочен центар во Јужен Мисисипи

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?