Револтирана скопјанка сподели фотографии од преполни контејнери и купишта отпад покрај нив во дел од најстрогиот центар на главниот град на Македонија.
Во својата објава, таа напиша: „Не по 3 по 5 илјади квадрат нека ви продаваат. Да уживате во смрдеата на центарот на Скопје“.
Инаку деновиве Општина Центар и Општина Аеродром почнаа сами да си го чистат ѓубрето во нивните општини и јавно искажаа револт кон ЈП Комунална хигиена.