Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Редовно јадете ореви за да бидете попаметни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Редовно јадете ореви за да бидете попаметни
ЗДРАВЈЕ

Редовно јадете ореви за да бидете попаметни

Објавено February 25, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во јадењето има и јаткасти плодови. Написот е објавен во списанието „Фуд енд фанкшн“ (Food & Function).

Познато е дека исхраната игра значајна улога во целокупното здравје на мозокот, па некои научни истражувања и досега посочуваа дека јаткастите плодови, како што се оревите, можат да бидат корисни за когнитивната функција. Новите научни испитувања откриваат дека испитаниците – млади лица, кои јаделе околу 50 грама ореви измешани во својот утрински оброк, имале повеќе придобивки во текот на денот, вклучувајќи побрзи умствени реакции и подобро помнење – во споредба со појадок без јаткасти плодови.

Сепак, досега многу малку истражувања, се вели, директно го тестирале влијанието на оревите врз способностите за размислување кај луѓето. Новиот труд има за цел да ја пополни оваа празнина.

Пред испитувањето, истражувачите регрутирале 31 здрав млад човек на возраст од 18 до 30 години. Со т.н. вкрстен истражувачки дизајн, секој учесник ги доживеал двата услови што биле тестирани: појадок со, и – без јаткасти плодови.

Ниту испитаниците, ниту истражувачите директно вклучени во тестирањето не знаеја кој појадок следи дента, што ги обезбедува потребните услови на случајност при испитувањата. Уште повеќе, на учесниците им било кажано дека набљудувањето се однесува на различни житарки за појадок, така што тие не знаеле за вистинската нагласка на испитувањата, сѐ додека тие не завршат.

Контролниот појадок без ореви, притоа, бил осмислен да биде многу сличен со оној со јатки – со исто толку калории, масти, протеини и јаглехидрати, но без јаткасти плодови.

Во текот на денот, т.е. два, четири и шест часа по појадокот, учесниците ги повторувале тестовите за размислување и расположение. За време на овие периоди на тестирање, истражувачите ја мереле и електричната активност на нивните мозоци користејќи електроенцефалографија – ЕЕГ. Учесниците, исто така, го оценувале и својот апетит и желба за различни занимации и задачи, но и вкусот и мирисот на нивниот појадок веднаш по јадењето.

Така, според наводите: шест часа по појадокот, учесниците кои добиле појадок со ореви покажале подобра меморија во споредба со оние кои имале оброк без ореви.

Во однос на умствената реакција, учесниците биле постојано побрзи на задачите и вниманието, по појадокот со ореви во споредба со контролниот појадок. Ова посочува дека оревите ја подобриле брзината и ефикасноста на мозочните функции. ЕЕГ исто така покажа разлики во активноста на мозокот.

Занимливо е тоа што трудот покажува и дека повеќе испитаници изјавиле дека се чувствуваат малку понегативно по појадокот со ореви во споредба со контролниот оброк. Тие, исто така, го оцениле мирисот на појадокот со ореви како помалку привлечен и пројавиле посилна желба за мрсна храна откако појадувале.

Во однос на крвните маркери, истражувачите забележале дека нивото на шеќер е малку повисоко по појадокот со ореви, додека нивото на слободните масни киселини биле пониски во споредба со контролниот појадок. Овие промени во шеќерот и масните киселини можеби се поврзани со тоа како јаткастите плодови влијаат на достапноста на енергија и метаболизмот во мозокот, потенцијално придонесувајќи за забележаните когнитивни придобивки. Сепак, немаше значителни промени во другите крвни маркери, поврзани со воспаленијата или невротрофичен фактор добиен од мозокот – протеин важен за здравјето на човековиот највитален орган.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина е полна со графит, клучен минерал за производство на батерии за електрични возила
Следна Статија Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат да откриваат нови, изненадувачки детали за тоа како…

August 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле да живеат подолго и без враќање на болеста…

June 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Беќаровски открива колку е опасен пестицидот „Имидаклоприд“ кој беше откриен во пратка со свежа зелка на хрватската граница

Пред неколку дена јавноста остана со прашалници каква храна се јаде кај нас по веста дека на хрватската граница е…

January 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нов лек за астма: Поздравен како „револуционерно“ откритие

Нов лек за астма, прв од ваков вид во последните 50 години, беше поздравен како „револуционерен“ од лекарите и пациентите,…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?