Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра
БАЛКАН

Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра

Објавено November 23, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот квадрат станбен простор е продаден за 9.805 евра на локацијата „Белград на вода“, додека најскапото гаражно место – исто така на „Савски венац“ – чини 66.000 евра, речиси како цена на стан во некои делови од земјата.

Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото земјоделско земјиште – за 1,2 милиони евра во општината Кула. Во Крагуевац, пак, најскапиот деловен простор достигнал вредност од 2,4 милиони евра.

Во „Белград на вода“ е забележана и најголемата трансакција – стан продаден за 1,8 милиони евра.

Економистот Ервин Пашановиќ за РТС изјави дека пазарот на недвижности во Србија функционира како „есенцијално слободен пазар“, каде цените се формираат врз основа на понуда и побарувачка.

– Последните 12 години имаме континуиран раст на цените и голема ликвидност, што значи дека најголемиот дел од новоизградените станови се продаваат. Со оглед на тие два фактора, можеме да кажеме дека станбениот пазар ја апсорбира целата понуда, а цените се определуваат според побарувачката, вели Пашановиќ.

Тој нагласува дека цените денес изгледаат астрономски, особено кога квадрат стан стигнува речиси 10.000 евра, што до пред неколку години било „незамисливо“. Тој додава дека и во сегментот на гаражи има екстремен раст – некои достигнуваат 70.000 евра.

Пашановиќ наведува неколку причини за толку високите цени: недостиг на функционален пазар на капитал, нефункционална берза, па така вишокот капитал се пренасочува кон недвижности. Покрај тоа, нискиот наталитет доведува до ситуација во која помал број наследници добиваат поголем имотен капитал – станови, куќи и земјиште, кои потоа ги продаваат. Тој истакнува и значителен раст на купувачите со кредити – нивното учество достигнало 36 проценти, најмногу во последните 45 години, и делумно се должи на поволни кредити за млади.

– Народот смета дека недвижностите се стабилно и сигурно вложување, со висок капитален раст и задоволувачки приход преку издавање, додава тој.

Пашановиќ појаснува дека 98 проценти од купувачите се домашни граѓани, додека бројот на странски инвеститори и купувачи е низок. Тој оценува дека Србија треба да работи на привлекување повеќе странски капитал, наведувајќи го примерот на „златна виза“ како потенцијален модел за привлекување купувачи кои би добивале престој со купување недвижност, како што е случај во Црна Гора со праг од 250.000 евра.

На прашањето дали ваквите разлики во цените можат да придонесат за уште поголемо раслојување меѓу богатите и сиромашните, Пашановиќ вели дека „српските недвижности се специфичен показател“.

– Деведесет проценти од полнолетното население во Србија поседува удел во некаков имот. Пресметано во пари, тоа значи дека сите би имале стотици илјади евра капитал доколку го продадат својот имот. Србија е меѓу првите три европски нации по имот во недвижности, заедно со Чесите и Албанците. На Запад најголем дел од населението живее под кирија – без проблеми – до крајот на животот, вели тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата
Следна Статија ФИТНЕС ЗА СВИЊИ: Трчање на лента за подобра кондиција и квалитет на месото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Me тераа да дувам лепак кога одев на фудбалски натпревар, се степав и ги одбив

Ми велат дека сум наркоман а јас никогаш во животот не сум запалил ни цигара. Не сум се напил ни…

February 17, 2025
БАЛКАН

Коста раскажа како го зел оружјето од татко му: Шифрата лесно ја пробив

Koста Кецмановиќ детално објасни и како точно му го одзел оружјето на татко му со кое ги уби соучениците. Тој…

October 14, 2024
БАЛКАН

Во Грција се празнува Богојавление – Водици

Со осветување на водите и фрлање на светиот крст во реки, езера, во морето од пристаништата, но и во општински…

January 6, 2026
БАЛКАН

Унгарски специјалци во Република Српска

Во Република Српска пристигнаа специјалци од Унгарија, пишуваат медиумите во БИХ. Унгарските антитерористички единици  пристигнаа во Република Српска согласно договорот…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?