Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
МАКЕДОНИЈА

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Објавено December 13, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во работата на Комисијата.

-Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција. Во текот на вчерашниот ден за нова претседателка на Венецијанската Комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда во Италија. Денеска се избрани тројца потпретседатели на Венецијанската Комисија: јас, Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство. Среќна сум за тоа што сум првата потпретседател/ка на Венецијанската Комисија која потекнува од Македонија, но исто така и која потекнува од земја која не е членка на ЕУ или од било која од земјите кои произлегоа од поранешна Југославија. Денешниот избор го сфаќам како признание за мојата активност и досегашен придонес во работата на Венецијанската комисија. Досега учествував во изработката на 14 мислења за различни земји, кои ги презентирав на пленарните седници и кои едногласно беа усвоени. Воедно како претставник на Венецијанската комисија учествував и во повеќе мисии и конференции. Денешниот избор е обврска повеќе да продолжам со мојот ангажман на промоција на европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото, наведува Дескоска и изразува благодарност до сите што ја поддржале на овој пат.

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апсурдно е да се бара ослободување на воени злосторници, протестот нема да го премисли Хаг, порача Ангелов
Следна Статија Франција го сопре чекорот на Црна Гора кон ЕУ: Блокирани две поглавја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони Свети Антониј е роден во Среден…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем. – Господинот Љупчо Коцевски…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?