Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
Blog

Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис

Објавено June 8, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Кина е подготвена да го забрза процесот на разгледување и одобрување на извозот на ретки минерали за компании од Европската Унија, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението се наведува дека до 5 јули Пекинг ќе донесе одлука во врска со царините за увоз на алкохолни пијалаци од ЕУ. Истовремено, завршна фаза достигнале и консултациите околу цените на електричните возила произведени во Кина што се продаваат на европскиот пазар, но за постигнување договор се потребни дополнителни напори.

На овие теми во вторникот во Париз разговарале кинескиот министер за трговија Ванг Вентао и еврокомесарот за трговија Марош Шефчович.

Во април Кина го запре извозот на широк спектар ретки минерали кои се клучни за автомобилската, авионската и полупроводничката индустрија, како и за воената индустрија.

Кина и Франција се согласија економските и трговските спорови да ги решаваат преку дијалог и консултации, соопшти кинеското МНР по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на двете земји.

Овие денови се забрзани и разговорите за увозот на француски коњак – прашање што ги влоши односите, откако Кина воведе антидампинг-мерки со царини до 39 отсто на увозот на алкохол од ЕУ, при што францускиот коњак беше најпогоден. Мерките уследија по одлуката на ЕУ да воведе заштитни мерки за европската автомобилска индустрија против увоз на кинески електрични возила.

Одлуката за судбината на овие кинески царини неколкупати беше одложена – прво требаше да се донесе до јануари, потоа до април, а сега до 5 јули.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не сакал во Британија да плати 24 евра за достава на пица- заминал на поевтин ручек во Италија
Следна Статија Одмазда за Харков: Гори Москва, Украинците ја гаѓаат со дронови, затворени аеродромите (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

„Епл“ казнет со 150 милиони евра во Франција

Компанијата „Епл“ се соочува со голема казна во Франција поради кршење на антимонополската регулатива. Францускиот антимонополски регулатор изјави дека го…

April 1, 2025
Blog

Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски

По расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, норвешката компанија за гориво „Haltbakk Bunkers“ објави…

March 2, 2025
Blog

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман…

April 24, 2025
Blog

Есенски прогнози на Виенскиот институт: Македонија со раст на БДП од три отсто

Според новата есенска прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Македонија во периодот 2025 – 2027 година ќе забележи…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?