Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
СВЕТ

Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Објавено April 21, 2025 14:59
Сподели
Сподели

По смртта на папата Франциск, Римокатоличката црква влегува во период на седисваканција, што го означува периодот во кој папската фотелја е празна. Терминот доаѓа од латинскиот израз „sede vacante“, т.е. „празна столица“ и се однесува на времето во кое Црквата е управувана од Кардиналскиот совет, додека не се избере нов папа.

За време на седисваканцијата, папските овластувања не се префрлаат на никого, а кардиналите имаат многу ограничени административни одговорности кои се регулирани со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле Втори.

Во овој преоден период, мандатот на повеќето официјални претставници на Ватикан завршува, освен на три клучни позиции.

Кардиналот камерленго, кој моментално е ирскиот кардинал Кевин Фарел, викарот на Рим – италијанскиот кардинал Балдасаре Реина и Големиот пенитенцијар – италијанскиот кардинал Анџело Де Донатис, продолжуваат со своите функции, а Кардиналскиот совет го презема управувањето со Црквата, обезбедувајќи ги секојдневните административни работи и подготовките за конклавата.

Изборот на нов папа, познат како конклава, започнува откако папската фотелја е празна, или поради смрт или, како во случајот со Бенедикт Шеснаесетти, оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку време може да се јадат велигденските јајца?
Следна Статија Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: И Зеленски и Путин нека прогласат победа, нека одлучи историјата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на „Truth Social“ дека неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски била „многу интересна…

October 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Научниците на НАСА забележале „одамна изгубен град“ под слој мраз од 30 метри. Кампот Century, отворен во 1959 година во…

November 29, 2024
СВЕТ

Дали Башар е сместен во „Рубљовка“? Во луксузната населба Путин ги сместува сите што имаат азил и многу пари

Во Русија бизнисмените и политичарите живеат во најлуксузната населба во Москва наречечна „Рубљовка“. Овој компелкс се наоѓа 40 километри надвор…

December 10, 2024
СВЕТ

рамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби во среда…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?