Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
СВЕТ

Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Објавено April 21, 2025 14:59
Сподели
Сподели

По смртта на папата Франциск, Римокатоличката црква влегува во период на седисваканција, што го означува периодот во кој папската фотелја е празна. Терминот доаѓа од латинскиот израз „sede vacante“, т.е. „празна столица“ и се однесува на времето во кое Црквата е управувана од Кардиналскиот совет, додека не се избере нов папа.

За време на седисваканцијата, папските овластувања не се префрлаат на никого, а кардиналите имаат многу ограничени административни одговорности кои се регулирани со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле Втори.

Во овој преоден период, мандатот на повеќето официјални претставници на Ватикан завршува, освен на три клучни позиции.

Кардиналот камерленго, кој моментално е ирскиот кардинал Кевин Фарел, викарот на Рим – италијанскиот кардинал Балдасаре Реина и Големиот пенитенцијар – италијанскиот кардинал Анџело Де Донатис, продолжуваат со своите функции, а Кардиналскиот совет го презема управувањето со Црквата, обезбедувајќи ги секојдневните административни работи и подготовките за конклавата.

Изборот на нов папа, познат како конклава, започнува откако папската фотелја е празна, или поради смрт или, како во случајот со Бенедикт Шеснаесетти, оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку време може да се јадат велигденските јајца?
Следна Статија Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се…

November 11, 2024
СВЕТ

Јапонскиот премиер поднесе оставка

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба поднесе оставка започнувајќи веројатен период на политичка неизвесност во нестабилно време за четвртата најголема економија во…

September 7, 2025
СВЕТ

Повторно катастрофални поплави во Шпанија: Малага е под вода (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага. На една од сликите е прикажан…

November 13, 2024
СВЕТ

Американски конгресмени: Епл и Гугл да бидат подготвени да го отстранат Тик Ток на 19 јануари

Високи републикански и демократски претставници во Комитетот за Кина на Претставничкиот дом на САД денеска им кажаа на извршните директори…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?