Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност

Објавено June 23, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност. Ќе се зголеми координацијата меѓу институциите и ќе се зајакнат контролите и механизмите на државата – истакна денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“, што се одржува во Стопанската комора.

Целта на овој настан, како што рече, покрај запознавање со активностите и работата на техничкиот комитет при Институтот за стандардизација на Македонија е зголемување на свеста кај стручната и поширката јавност за значењето на примената на стандардите и нивната улога во законските и потзаконските акти поврзани со заштита од пожар, како суштински сегмент во процес на проектирање и градење.

Според него, оваа тема е од исклучителна важност и за жал е болна и актуелна тема во Македонија.

Изминативе неколку години сме сведоци на големи трагедии кои се предизвикани токму од недостиг на спроведување стандарди за безбедност и заштита од пожари. Овие трагедии беа резултат на законски нормативи полни со недоречености, недостиг на контролни механизми за спроведување на постојните пропишани регулативи и стандарди за безбедност, лошата координираност на институциите, но и нискиот праг на стандарди за давање дозволи за работа во дејности или објекти – рече Ристески.

Конференцијата е организирана од Институтот за стандардизација и Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46, во коорганизација со Комората на овластени архитекти и инженери, Стопанска комора на Македонија, Техноинспект, Кнауф, Адинг и други партнери.

Конференцијата почна со едноминутно молчење во чест на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години
Следна Статија Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Рекордни профити на авиокомпаниите

Нето профитот на глобалните авиокомпании ќе се зголеми во 2026 година од 39,5 милијарди долари оваа година на рекордни 41…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека за разлика од порано, со…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?