Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристова: Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар( скраја било)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ристова: Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар( скраја било)
ХРОНИКА

Ристова: Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар( скраја било)

Објавено July 2, 2026 12:16
Сподели
Сподели

Адвокатката Маја Ристова повторно реагираше за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство во Штип со кое се потврдува одлуката на Основното јавно обвинителство дека нема основ за кривична одговорност на родителите на малолетниците кои учествувале во нападите врз 12-годишно девојче.

Според Ристова, во решението се наведува дека родителите не можат да одговараат за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи не биле свесни за постапките на своите деца.

„Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар. Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете не се одговорни, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“, напиша Ристова.

Таа остро ја критикува ваквата одлука, посочувајќи дека насилството траело три месеци и опфаќало физичко и психичко малтретирање, а според образложението на обвинителството тоа не било доволно за да се утврди континуирано и сериозно занемарување од страна на родителите.

Дополнително, Ристова реагира и на делот од решението во кој, како што наведува, стои дека „фактот што детето самостојно преземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање“.

„Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видеоснимки, што со останатите случаи на врсничко насилство?“, прашува адвокатката.

Случајот со врсничкото насилство во Штип ја вознемири јавноста откако беа објавени снимки на кои се гледа како 12-годишно девојче е физички и психички малтретирано од група врсници. Против малолетниците што учествувале во нападите и го снимале насилството веќе се води постапка, додека барањето за кривична одговорност на нивните родители останува отфрлено и по одлуката на Вишото јавно обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве на колку степени треба да ви биде климата во возилото за да не ви троши многу гориво
Следна Статија Селекторот на Норвешка беше првиот „Ериксен“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ужас во Скопје: Тинејџер прободен со нож, напаѓачот е 15-годишно дете

Во автобус на еден од приватните превозници, синоќа бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет, дознава 24инфо.мк. 18-годишниот…

October 26, 2024
ХРОНИКА

За осум часа санкционирани 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Вчера (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај…

May 3, 2026
ХРОНИКА

Терористичка група поврзана со Иран под истрага во Македонија поради палењето на синагогата во Скопје

Безбедносните органи во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната терористичка група „Ашаб Ал Јамин“ (HAYI), за која постојат сомнежи дека е…

April 16, 2026
ХРОНИКА

24-годишник пронајден мртов во када

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?