Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени
СПОРТ

Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени

Објавено August 3, 2025 12:22
Сподели
Сподели

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека државата ги нема потребните капацитети и комплекси за младинската Олимпијада. Иако признава дека организацијата во одреден момент затаила, сепак, вели дека тоа не било на катастрофално ниво.

Министре, изминатиот период бевте мета на жестоки критики во јавноста поврзани со Европскиот младински олимписки фестивал. Можете ли точно и конкретно да кажете која беше улогата на министерството во организирањето на овој настан?

Министерството за спорт апсолутно нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно такво натпреварување. Значи, Олимпискиот комитет на Македонија, кога се потпишува договор за доведување или за организирање на ваков голем настан во една држава, потписници заради немешањето на политиката, потписници на тој договор се градот и Олимпискиот комитет. Со самото тоа кажува дека Олимпискиот светски комитет и Европски не дозволува мешање на политика во Олимписките игри и во Олимпизмот генерално. Така да, ние не можеме да бидеме организатори, меѓутоа можеме да служиме како логистичка поддршка, што и бевме во конкретниот случај.

Јас не сум го кажал во јавноста до сега, меѓутоа ова е убава прилика и благодарам на можноста да го кажам, а тоа е дека Министерството за спорт во месец март или април, не се сеќавам, јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан.

Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата што за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени, бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан.

Морам да додадам дека иако организацијата во одреден момент затаи, меѓутоа не беше на ниво катастрофално како што тоа сака да го прикажат поединци или опозицијата. И ете кога ќе угостите преку 4.000 дечиња, нормално е да има некои недостатоци. Не постои држава на светот или Олимписки комитет на светот или град на светот што може да го организира без недостатоци и тоа е во ред. Улогата на министерството беше чисто логистичка.

Kога зборувате дека како министерство сте имале логистичка поддршка, во јавноста сам кажавте дека министерството издвоило и еден милион евра во однос на организацијата. Што конкретно опфаќаат тие пари?

Од нас беше побарано, на пример, да купиме 150 нови креветчиња за студентските домови коишто ќе останат понатаму во студентските домови. Ние како министерство успеавме од една општествено одговорна компанија да замолиме да донира 2.000 перници, сите оние работи коишто се потребни за тие креветчиња. Беше побарано од нас да го обезбедиме дел од автобускиот превоз којшто го обезбедивме. Беше побарано од нас сите спортски сали да бидат дадени на користење бесплатно, што и донесовме одлука на Влада и ги оставивме сите оние спортски сали бесплатно на користење и беше побарано од нас да помогнеме во промоција на настанот.

Меѓутоа се тоа беше побарано од нас во последните два месеца и ние тоа го направивме со рекламите на оние градски автобуси коишто може не знам дали сте ги виделе вие, меѓутоа го направивме и тоа.

Побараа исто така да го забрзаме процесот со вадењето на визи за сите учесници, затоа што 4.000 има држави, подолг процесот на проверка од безбедносни причини и токму се тие логистички причини за коишто работи коишто зборувам, коишто беа побарани од нас и ги обезбедивме.

Значи, ако мене ме прашувате, кога ќе потпишувате еден ваков договор за сериозна организација, мора државата да даде заедно со градот којшто е домаќин или Олимпискиот комитет да работи на организација барем минимум две до три години, за да се создадат услови за беспрекорно работење или функционирање, одвивање на оваа Олимпијада. Зборувам сега за делот за во одредени сали кај што немаше ладење, да се стават клими уреди да се направи ладење.

Ако има некој недостаток, не знам, технички на паркетот, на соблекувалните, се тоа да се изведе со време. Меѓутоа пак ќе повторам, за ваква сериозна организација треба минимум две години припрема за да најнапред ја претставите државата во едно светло, а второ и да тие дечиња се осеќаат комотно и да можат да го дадат својот најдобар перформанс, спортски зборувам.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје
Следна Статија National Geographic: Охридското езеро задолжително треба да го посетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо збесна: Португалецот се караше со судијата, ја шутна топката на трибини (Видео)

Екипата на Ал-Наср неочекувано загуби на свој терен од Ал-Етифак со 2:3, иако домаќините беа големи фаворити за победа. Ал-Наср…

February 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Вориорс го елиминираа Хјустон, Индијана го изненади Кливленд

Голден Стејт Вориорс се последниот тим што се пласираше во втората рунда од овогодинешните плејоф во НБА лигата. Во седмиот…

May 5, 2025
СПОРТ

Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)

Куќата на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко е ограбена во Севиља каде што настапува за истоимениот шпански прволигаш. Откако се вратил…

December 6, 2024
СПОРТ

Халанд во 95 натпревари 100 голови

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна гол на денешниот натпревар против Брајтон во 29. коло од англиската Премиер лигата.…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?