Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија
СПОРТ

Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија

Објавено January 5, 2026 18:54
Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски денес ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

– Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го почитува. Како некој што со години го носеше овој дрес, знам што значи да се игра за Македонија, знам колкава чест, но и одговорност е тоа. Верувам дека ќе одиграте максимално и достојно ќе ја претставувате Македонија и македонскиот ракомет на ова Европско првенство, им порача Ристовски на македонските ракометари.

Министерство за спорт

Владата преку Министерството за спорт и во соработка со Ракометната федерација на Македонија обезбеди и финансиска премија за македонската репрезентација од два милиони денари за секоја победа и уште два милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

„Црвено-жолтите“ по Божик заминуваат на турнир во Швајцарија, а оттаму продолжуваат директно за Хернинг, Данска каде ќе ги игра натпреварите од групната фаза на ЕП против селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Министерство за спорт

Македонските ракометари по 15 пат во континуитет настапуваат на големите натпреварувања – европски и светски првенства што заслужено им го носи епитетот најуспешна македонска репрезентација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стармер: Иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Данска
Следна Статија В недела избори во четири општини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Почнаа скијачките скокови, значи се ближи Новата година

Германскиот ски-скокач Пиус Пашке е победник на вчерашниот натпревар од Светскиот куп во Висла, Полска. Пашке стигна до третата победа сезонава со…

December 9, 2024
СПОРТ

Навивачите на Вардар и Пелистер им оддадоа почит на загинатите кај Карпалак

  Навивачките групи на Вардар и на Пелистер им оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, на годишнината од…

August 9, 2025
СПОРТ

Седлоски: Против Данска нема што да загубиме, да одиграме храбро

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското…

March 16, 2026
СПОРТ

Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) го осуди расистичкото однесување кое се случи на натпреварот во петокот помеѓу Романија и Косово…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?