Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција
ЗДРАВЈЕ

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Објавено July 10, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Робот опремен со вештачка интелигенција, како и со алатки за сечење и фаќање меко ткиво, со 100 отсто успешност отстрани жолчни меури кај свиња, без човечка помош. Научниците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, по сѐ тоа, предвидуваат дека роботската хирургија би можела да се тестира на луѓе уште наредниве 10 години.

Според научниот труд на универзитетите „Џонс Хопкинс“, „Стенфорд“ и „Колумбија“, ова е „пресвртница кон клиничката примена на самоуправувачките хируршки системи“, се наведува. Технологијата што им овозможува на роботите да манипулираат со меки ткива како што се жолчното ќесе, е вкоренета во широко користените ВИ-алатки како што се „Чет-ГПТ“ или „Гугл Џемини“. Роботот-хирург се обучувал преку видеоснимки од лекари и изведувајќи операции врз органи земени од мртви свињи. На овој начин, осум операции на свински органи со 100-отстотна стапка на успех беа извршени, под надзор на научниците. Ова отвора можности за масовно умножување на вештините на најдобрите хирурзи во светот.

Кралскиот колеџ за хирургија во Велика Британија соопшти дека ова е „возбудлив развој којшто носи големо ветување“, додека Џон Мекграт – водечки стручњак за роботска хирургија во Велика Британија, ги нарече резултатите „импресивна новост“ којашто „нè води подалеку во светот на самоуправувањето“ – дури и во непредвидени случаи, типични за итна медицинска интервенција.

Речиси сите 70.000 роботски процедури што се изведуваат годишно во Националната здравствена служба во Англија се целосно под човечки надзор. Може да се каже дека само сечењето коски за операции на колк и колено е полусамоуправувачко, рече Мекграт.

Хируршките роботи биле малку побавни од луѓето-лекари, но се постабилни и следат пократки патеки меѓу задачите. Роботот, исто така, може постојано и брзо да ги коригира и прилагодува своите чекори при работата, да бара различни алатки и да се прилагоди на анатомските разлики, се вели во рецензија објавена во списанието „Сајенс роботикс“ (Science Robotics).

Ова е премин од роботи што вршат одделни задачи до системи што вистински ги разбираат хируршките процедури, изјави проф. Аксел Кригер од „Џонс Хопкинс“.

Тој додаде дека овој систем може да се прилагодува според анатомијата на секој пациент.

Минатиот месец, британскиот министер за здравство Вес Стритинг изјави дека развојот и растот во роботската хирургија е во срцето на 10-годишниот план за реформа на британското здравство и намалување на листите на чекање.

Иако интервенцијата траела подолго отколку кога ја изведува човек, резултатите биле споредливи со оние на експерт-хирург, наведуваат истражувачите. Во пробната фаза на „Џонс Хопкинс“, на роботите им требале нешто повеќе од пет минути да извршат операција од 17 чекори. Роботите си ги коригирале прилагодените потези без никаква човечка помош во просек шест пати во секоја операција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одлуката за штрајк е ставена во мирување: Одобрени се барањата за вработување на контролори на лет
Следна Статија ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.…

June 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена…

December 24, 2024
ЗДРАВЈЕ

Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дали треба да се мијат бананите?

Пред да каснете јаболко или да додадете бобинки во овесната каша, проверете дали сте ги измиле. Кога станува збор за…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?