Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца

Објавено July 18, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Родителите на загинетите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани велат дека нивното барање со државниот врв, завршило со средба со премиерот, Христијан Мицкоски, на која како што тврдат, се соочиле со навреда и газње по нивната болка.

На 1 јули, тие испратиле барање до премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши. По две недели, единствен одговор добиле од кабинетот на премиерот, кој закажал состанок на 7 јули во Скопје.

И покрај нивната желба средбата да се одржи во Кочани, им било соопштено дека безбедносните услови не дозволуваат патување на премиерот, па состанокот се одржал во Владата.

На средбата, премиерот рекол дека барањето го гледа за првпат, а во врска со барањето за еднократна парична помош, изјавил: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“, тврдат родителите.

Велат дека тоа е навреда што никогаш нема да ја заборават и порачаа: „Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!“

Потенцираат дека немаат политички агенди и дека нивната единствена цел е правда за 62-те млади животи кои загинале.

„Нашите деца се херои. Ако вие не знаете да ја водите државата, ако не знаете да обезбедите правда… отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.“

Родителите го повикуваат премиерот и институциите да престанат со одолговлекување, додавајќи дека судскиот процес уште не започнал, а осомничените шетаат слободно.

Меѓу нивните барања се еднократна парична помош за секое погодено семејство, преку Фонд за итна поддршка, како и право на предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на починатите поради траумата низ која поминуваат и неспособноста да работат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути
Следна Статија Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека ќе се заборави на злоупотребите на службите?

ОЈО за ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека злоупотребите на службите ќе поминат туку така? Демек…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?