Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)
СПОРТ

Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)

Објавено August 24, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Тежок инцидент го одбележа денешниот натпревар на младинските екипи на Брегалница (Штип) и Шкупи (Скопје – Чаир), одигран во првото коло од Републичката пионерска лига за генерацијата 2010 година на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип.

Според информациите на локалните медиуми, инцидентот настанал во последната минута од мечот, по прекршок меѓу двајца млади фудбалери. Дел од гостинската публика, односно родители на играчите на Шкупи, влегле на теренот и физички нападнале двајца играчи на Брегалница. Еден од напаѓачите, како што се наведува, со клоци ги удирал младите фудбалери.

Неофицијално, 2 деца се тешко повредени – едното со скршена нога, а другото со повреди на главата, објави 24 инфо.

Тие се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Откако децата биле нападнати, на теренот влета и дел од домашната публика, по што настанала масовна тепачка. Полицијата интервенирала веднаш и го привела главниот напаѓач, против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инцидентот се случи при резултат 2:1 во корист на Брегалница.

Домашната управа побарала Фудбалската федерација на Македонија да преземе строги мерки против ваквите влетувања на луѓе на теренот и да спречи повторување на слични ситуации, со цел младите спортисти да не бидат изложени на насилство и негативни примери, објави порталот Сакам да кажам.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку еден загинат при експлозија во продавница за играчки во Москва (ВИДЕО)
Следна Статија Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ставре Јада прв почнува: Познати се термините за настап на македонските олимпијци на ЗОИ 2026

Познат е распоредот на настапи на македонските олимпијци на ЗОИ 2026 година во Милано и Кортина, кој е потврден и…

February 9, 2026
СПОРТ

(Видео) Консеисао го реши Дерби д’Италија – Јуве го победи Интер

Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1:0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе…

February 17, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Омилениот тенисер на Стефан Ѓоковиќ не е татко му

Стефан Ѓоковиќ, синот на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска привлече внимание на трибините во текот на полуфиналниот натпревар на…

April 12, 2025
СПОРТ

Македонија убедливо ја победи Летонија во Рига

Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?