Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)
СПОРТ

Родители на играчи на Шкупи влетале на терен и нападнале млади фудбалери на Брегалница, две деца со тешки повреди (ВИДЕО)

Објавено August 24, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Тежок инцидент го одбележа денешниот натпревар на младинските екипи на Брегалница (Штип) и Шкупи (Скопје – Чаир), одигран во првото коло од Републичката пионерска лига за генерацијата 2010 година на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип.

Според информациите на локалните медиуми, инцидентот настанал во последната минута од мечот, по прекршок меѓу двајца млади фудбалери. Дел од гостинската публика, односно родители на играчите на Шкупи, влегле на теренот и физички нападнале двајца играчи на Брегалница. Еден од напаѓачите, како што се наведува, со клоци ги удирал младите фудбалери.

Неофицијално, 2 деца се тешко повредени – едното со скршена нога, а другото со повреди на главата, објави 24 инфо.

Тие се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Откако децата биле нападнати, на теренот влета и дел од домашната публика, по што настанала масовна тепачка. Полицијата интервенирала веднаш и го привела главниот напаѓач, против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инцидентот се случи при резултат 2:1 во корист на Брегалница.

Домашната управа побарала Фудбалската федерација на Македонија да преземе строги мерки против ваквите влетувања на луѓе на теренот и да спречи повторување на слични ситуации, со цел младите спортисти да не бидат изложени на насилство и негативни примери, објави порталот Сакам да кажам.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку еден загинат при експлозија во продавница за играчки во Москва (ВИДЕО)
Следна Статија Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ренџерс останаа непобедени надвор, победија во паркот на Марлинс

Мика Зибанеџад постигна хет-трик, Артеми Панарин постигна два гола, а Ренџерс победија ги Пантерс 5-1 во петок навечер во Зимската…

January 4, 2026
СПОРТ

Aрсенал шампион по 22 години

 Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската…

May 20, 2026
СПОРТ

„Демократија“ и во кошарката: Црвена звезда казнета поради руска песна, дали ќе има санкции и за денешниот меч во Минхен

 Српскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда е казнет со 10 илјади евра поради проруската акција на навивачите на тимот на мечот…

March 6, 2025
СПОРТ

Загуба во продолжение: Илиноис загуби од Мичиген Стејт во огномет на натпревар

Џереми Фирс Џуниор се надмудри со Китон Вагнер во врвен натпревар на Big Ten лигата

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?