Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението
МАКЕДОНИЈА

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението

Објавено June 16, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, што ја соопшти минатата недела државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка, порачаа родителите на починатите во пожарот на деветтиот „Марш на ангелите“ што се одржа завчера во Кочани.

Родителите посочија дека од суштинско значење е ОЈО во Кочани целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност, за да можат, како што рекоа, да ги отстранат сите дилеми коишто се јавуваат кај нив во врска со спроведената постапка.

Од Јавното обвинителство вчера посочија дека стојат на располагање и најавија дека доколку семејствата имаат такво барање во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат за сите аспекти од поднесеното обвинение без да ја нaруши натамошната постапка. Воедно, наведоа од ЈО, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката.

Со обвинението што беше поднесено на 13. месецов до Основниот суд во Кочани се опфатени 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На сите физички и правни лица обвинети за пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката беше запрена за вкупно 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Портпаролката на Владата Марија Митева и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера соопштија дека во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар за повредените од пожарот, во тек се финални подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини.

Според најавите, во одморалиштето на МВР на Поникава од средината на идната недела ќе биде згрижена првата група повредени пациенти, каде физикална терапија ќе добиваат 45 пациенти. Во Пониква ќе се активираат медицински тимови коишто ќе им бидат достапни 24 часа. Ќе бидат поделени во групи што ќе ротираат на две недели, а првата група ќе биде со повредени кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. Физикалната терапија ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а во соработка со Центарот за психолошка поддршка од Скопје и невладини организации ќе има и посета од психолози и психијатри.

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани во петокот почнаа градежните работи за реконструкција, кои треба да завршат за три до четири недели, со што се очекува да се обезбедат подобри услови за третман и лекување на повредените во пожарот.

Новиот министер за здравство Азир Алиу вчера соопшти дека Кочани е во фокус на неговото работење, најави дека денеска ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани а во наредните денови и со граѓаните во Кочани со цел да ги увиди нивните реални потреби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расте цената на нафтата на светските берзи
Следна Статија Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем и сакаме да видиме почитување на законот

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владниниот предлог за разрешување…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се продава одземениот имот од Груевски и Мијалков- Проценет е на 29 милиони евра

Одземениот имот од поранешниот премиер Никола Груевски и од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков во наредниот период ќе биде…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Се затрупува критичниот дел од Дрисла, чадењето сè уште присутно

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески: Нема да има предмети во фиока и селективна правда, сите решаваат човечки судбини

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?