Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Објавено February 25, 2026 17:33
Сподели
Сподели

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека втората година ќе може да предвиди за секоја успешна земја која ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, пример, правото на глас или пак да го нема правото на вето. Ако такво нешто се промени се разбира дека тоа тогаш би предвидувало промена на постојните договори на ЕУ, која, од друга страна, за да се променат тие договори, тоа би значело едногласност од сите членки на Унијата. Во моментов постои политичка дебата во ЕУ и во Регионот, тука, во врска со тоа за напорите на Европската Унија како, всушност, во таков случај како би ги третирало, ако има, 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ. Истовремено, Европската Унија се обидува да даде итни одговори и на постојните светски предизвици. Така што, постои дебата во рамките на Европската Унија во сите области. Меѓутоа, за овој момент, договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Сега, голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите што, всушност, е јасен пат за имплементација на реформите за Република Северна Македонија, изјави Рокас, одговарајќи на новинарското прашање која е можноста да се остварат изјавите на премиерот Мицкоски дека е можно Западен Балкан и Украина да влезат во Европската Уника како некаква комбинација, но без право на глас.

На прашањето да го коментира случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, евроамбасадорот Рокас рече дека во принцип ЕУ не се меша во правосудните одлуки. Но, додаде, будно се следат измените во Кривичниот законик и најавата на новите 30-тина закони што потоа ќе се мониторираат.

– Европската Унија никогаш не ги коментира ваквите случаи кои се поврзани со имплементација на самото законодавство. Но, нашиот став секогаш е дека сите треба да бидат еднакви пред законот, пред правото. Владеењето на правото треба да се спроведува подеднакво и не треба да има никаква политизација или пак вмешување во спроведување на правото ниту во поединечни, ниту, пак, во сите случаи. Што се однесува до владеењето на правото и борбата против корупцијата веќе може да видиме дека тековно се спроведуваат многу активности. Имаме информации дека Министерството за правда во моментов работи на изготвување на 30-тина закони и, се разбира, се надеваме дека клучните прашања, поврзани со Кривичниот законик ќе може наскоро да бидат спроведени, со цел да може да се подобри и борбата против корупцијата. Ние сме во исчекување на сеопфатен и добар Кривичен законик и сум охрабрен од забрзаната работа што се прави за да се изготват овие закони. Ќе видимке како се одвива сето тоа и, се разбира, ќе го мониторираме спроведувањето на законите, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешниот престој во Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот!
Следна Статија Бурлеската со кравите во Крива Паланка – општината со протест заради неконтролираното движење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евакуирани 60 лица од поплавени станбени објекти во Кичево

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека се евакуирани 60 лица од поплавени станбени објекти во Кичево. ЦУК информира…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска почнува грејната сезона

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?