Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба
СВЕТ

Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба

Објавено July 23, 2025 19:49
Сподели
Сподели

Инспектори од Дирекцијата за санитарни, ветеринарни и безбедносни прашања за храна во романскиот град Бузеу изземаа 1,2 тона месо од продажба, за кое постои сомнеж дека е заразено со вирусот на африканска свинска чума, јави телевизијата Диџи24.

Во текот на јуни биле извршени над 300 инспекции кај економски оператори долж целиот синџир – од производството до продажбата. Контролите биле насочени кон почитување на општите хигиенски услови, барањата за следливост и правилно етикетирање на прехранбените производи.

По завршените проверки беа утврдени структурни недостатоци, отсуство на здравствени проверки, немање мониторинг на температурата во ладилниците, проблеми со етикетирањето, складирањето и ракувањето со храната. Како резултат на овие неправилности беа изречени шест парични казни во вкупна вредност од 33.600 леи (близу 13.000 лева) и издадени 23 предупредувања, соопшти Дирекцијата.

Дополнително, биле земени над 380 примероци од храна за да се утврди нивната усогласеност со законските регулативи.

Само пред една недела, вирусот на африканската свинска чума беше потврден на две фарми во областа Бокша, во југозападна Романија. Локалниот центар за контрола на болести спроведе строги мерки за контрола и превенција, меѓу кои и воспоставување на зона за набљудување со радиус од десет километри, што ги опфаќа и блиските ловишта.

Африканската свинска чума е вирусно заболување што не се пренесува на луѓето и не претставува ризик по јавното здравје, но предизвикува значителни економски загуби во сточарството, нагласуваат романските медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гори планината Серта кај Штип – се бара помош од воздух
Следна Статија (ВИДЕО) Полицајци спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за проституција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на војниците на Националната гарда да почнат да носат огнено оружје при…

August 25, 2025
СВЕТ

Лидерот на ИСИС убиен во Ирак, Американците објавија видео

Американската војска во петокот соопшти дека го убила водачот на ултрарадикалната сунитска терористичката групација Исламска држава во воздушен напад во…

March 15, 2025
СВЕТ

Мажот притворен во Минеаполис почина во притвор на ICE во Тексас

Лице уапсено од имиграционите власти во Минеаполис почина во сојузен притвор во Тексас.

January 20, 2026
СВЕТ

Италијанска АНСА ја објави причината за смртта на папата Франциск

Крварење во мозокот е можната причина за смртта на папата Франциско, наместо респираторните проблеми кои произлегуваат од неговата неодамнешна пневмонија…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?