Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата
БАЛКАН

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата

Објавено November 28, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана на Романија Јонуц Моштјану денеска објави дека поднесува оставка, јави новинската агенција Аџерпрес.

Разговарав со претседателот, со премиерот, со претседателот на партијата, со дел од моите колеги во партијата Сојуз за спас на Романија и им благодарам за поддршката и довербата“, напиша Јонуц Моштјану на својот профил на Фејсбук и додаде дека го прави ова од почит кон романската армија и како знак на одговорност.

Вчера, лидерот на најголемата опозициска партија, Алијанса за обединување на Романците (АУР), Горге Симион, побара итна оставка од Моштјану со образложение дека „лажел во официјалните документи на романската држава“ во врска со неговото високо образование, објави телевизијата Диџи 24.

Скандалот изби откако весникот „Либертатеа“ откри дека Моштјану во својата прва официјална биографија навел дека дипломирал на Универзитетот Атенеум – институција во која е наведено дека никогаш не бил студент таму. Ова го натера министерот да признае дека тоа била „грешка“ и да претстави друга диплома добиена во 2015 година. Тој рече дека станува збор за „грешка направена од брзање“.

Моштјану на својот профил на Фејсбук напиша дека „Романија и Европа се под опсада од Русија“, поради што романската национална безбедност мора да се заштити по секоја цена.

Не сакам дискусиите за моето образование и грешките што ги направив пред многу години да го одвлекуваат вниманието на оние кои сега ја водат земјата од нивната тешка мисија“, посочи Моштјану на Фејсбук.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од регулаторот зависи дали струјата ќе поскапи, рече Мицкоски
Следна Статија Орбан: Унгарија ги чувствува сите економски последици од војната во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Белград: Стан изгоре поради полнач за телефон, бабата, дедото и внуците едвај спасиле жива глава

Голем пожар избувна во текот на изминатата ноќ, околу 2 часот по полноќ, во станбена зграда во Нов Белград, при…

May 18, 2026
БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на…

June 30, 2025
БАЛКАН

Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош…

October 28, 2024
БАЛКАН

Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат

Почнувајќи од Кирјакос Мицотакис до сите нас кои сме инволвирани во конкретната тема, немаше да работиме со ваква посветеност, методичност…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?