Кристијано Роналдо и на 40 години и натаму ги тресе противничките мрежи. Португалецот постигна два гола во новиот триумф на Ал Наср, а тој вели дека и понатаму сака да игра фудбал.
Роналдо и натаму ја чувствува истата страст за фудбал откога бил помлад, и дека ќе продолжи се додека го држат нозете.
„Ал Наср победи, јас постигнав два гола. Секогаш велам дека долговечноста се постигнува само преку страст. Јас и натаму ја чувствувам таа страст. Без разлика дали давам голови или не, ова е мојот живот. Секогаш било така. Играм фудбал 23-24 години, и ова е мојот живот. И затоа сакам да продолжам се додека моите нозе ми дозволуваат“, рече Роналдо.