Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа
ХРОНИКА

Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа

Објавено May 13, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство, реагира Росица Кулакова, сестрата на загинатата Фросина, по денешната пресуда со која возачот кој ја прегази и усмрти, Васил Јованов доби казна затвор 12 години.

12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина.
Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртвите завршуваат во правни архиви.
Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е „спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб.
Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа
Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете
Срам да ви е!, порача Кулакова.

Додаде дека нема да молчат и дека од нивната болка ќе направат за промена.

Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!
📍Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.
Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста.
❗️СУДИИ – УБИЈЦИ❗️

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ се разделува од Мареј по само шест месеци
Следна Статија Скопјанец измамил две лица од Куманово-Фиктивно им продал станови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и…

October 19, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место…

May 20, 2025
ХРОНИКА

Опожарени две возила „рено кангу“ и БМВ, интервенирале пожарникари

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против - пожарната…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Пронајден во дупка, со скршени нозе и тешки повреди на главата – претепан тетовец

Дваесет и седумгодишен син на командир во ПС Тетово, брутално нападнал 42-годишен маж кој работел во Тобако, објави Телма. Според очевидци,…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?