Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите
МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите

Објавено March 14, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Како функционираат некои обвинители и судии пример е акцијата на полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за малверзации со набавка на мазаут за ТЕЦ Неготино, од 2021 до 2023 година?

Осомничени се 13 лица, меѓу кои, двајца сопственици на нафтени компании и поранешен директор на ЕСМ, кои го оштетиле буџетот на државата за над 167 милиони евра.
Обвинителството се сомнева дека покрај перењето пари, набавувале и горива со сомнителен квалитет што се штетни за животната средина. Значи, и свесно не труеле. А, што правеле и зошто „замижувале“ и надлежните институции за контрола на она што се увезувало е уште поголем проблем, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Беа приведени 11 лица. На Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски им е определен притвор, соопшти кривичниот суд во Скопје. Притворот е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Капушевски и Сулкоски се сопственици на РКМ, компанијата преку која се одвиваа набавките на мазут и кои, според обвинителството, се доделени и реализирани преку злоупотреба, а има и случај на перење на пари. Муча е поранешен директор на сектор во ЕСМ. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, исто така осомничен за овој, но и за случајот „Адитив“, е во бегство.

За Асмир Јахоски (сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски) кој исто така е осомничен за малверзациите со мазутот, е определен куќен притвор, откако обвинителот го преиначил барањето и се откажал од најстрогата мерка за обезбедување – затворски притвор, а судијата прифатил.
Јавноста се прашува како е можно, за истото дело, за Јахоски да не постои опасност од бегство или влијание врз сведоци, па може да си седи дома? Судиите и обвинителите си ја префрлаат вината.

Ваквата одлука се поврзува со фактот што со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи  Ислам Абази, кој, важи за близок со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На ова веројатно алудираше и премиерот Мицкоски, кој изјави: „За мене се алармантни информациите поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Шокиран сум како се однесувал и како продолжува да се однесува. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, местото им е во големите хациенди изградени во западна Македонија. Мислам дека многу скоро ќе се кае, но тогаш ќе биде доцна, истакна Мицкоски.

Инаку, според соопштението на Министерството за внатрешни работи, при претресите во Скопје, Битола и Кичево, биле запленети над 1500 парчиња муниција и пиштоли.

За Јахоски и Капушевски имаше серија написи во медиумите за разни сомнителни зделки и за начините на стекнувањето на нивниот капитал, но досега речиси ништо не беше процесуирано и остануваше без епилог. Меѓу другото, и затоа е довербата во правосудството таква каква што е. Чест на исклучоци.

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА НА РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запали Боинг на аеродром во Денвер со 178 луѓе, патниците бегаа преку крилата (ВИДЕО)
Следна Статија Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време,…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на традиционален божиќен ручек во чест на именденот на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционален божиќен ручек организиран во чест на именденот на поглаварот на Македонската православна црква,…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Влае до Центар за 250 денари – поскапува такси превозот во Скопје?

Таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите, истакнувајќи дека моменталниот ценовник не е изменет цели 11 години, што според нив…

November 13, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?