Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русин со изнуда барал 300.000 евра, добил 20 000 евра, па бил уапсен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Русин со изнуда барал 300.000 евра, добил 20 000 евра, па бил уапсен
ХРОНИКА

Русин со изнуда барал 300.000 евра, добил 20 000 евра, па бил уапсен

Објавено October 10, 2025 15:58
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од јули 2024 година до 09.10.2025 год. во Скопје, со намера да прибави противправна имотна корист за друго лице, со сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на еден оштетен, го присилил да му исплати износ од 20.000 евра. Во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати неговиот наводен долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300.000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство.

Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби, а на средбата на 09.10.2025 година од оштетениот зел 20.000 евра, по што бил лишен од слобода.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и врз оштетениот, како и ризик да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание
Следна Статија Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија

Во голема полициска акција на МВР утрово направен е претрес на повеќе места, а во врска со сомнежи за организиран…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Пешки преку граница спроведувал Кинези

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат

На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица –…

June 14, 2026
ХРОНИКА

49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци

На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49)…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?