Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русите го продадоа „Лукоил“: Ова е новиот газда на нафтениот гигант
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Русите го продадоа „Лукоил“: Ова е новиот газда на нафтениот гигант
ЕКОНОМИЈА

Русите го продадоа „Лукоил“: Ова е новиот газда на нафтениот гигант

Објавено October 30, 2025 11:55
Сподели
Сподели

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ соопшти дека постигнал договор со кипарската компанија „Гунвор Груп“, чиј сопственик е шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист, за продажба сите имоти во странство на компанијата во странство.

Според соопштението од „Лукоил“, клучните услови на трансакцијата веќе се договорени.

Лукоил соопшти дека понудата дадена од „Гунвор Груп“ за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи.

Пред склучување обврзувачки договор и трансакцијата која треба да се реализира во готово, потребно е „Гунвор Груп“ да добие дозвола од агенцијата на Министерството за финансии на САД која воведе санкции врз „Лукоил“.

Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца OFAC и сите дополнителни лиценци со цел да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата, се вели во соопштението на „Лукоил“.

Како што е соопштено продажбата на „Лукоил Интернешнл“, е последица на рестриктивните мерки што ги воведоа некои земји против компанијата и нејзините подружници.

„Лукоил Интернешнл ГМБХ“ е основач и содружник заедно со „Литаско Са“ на „Лукоил Македонија“ што значи дека мрежата од 40 бензински станици и нафтениот склад одат во рацете на новиот сопственик „Гунвор Груп“ доколку рускиот гигант успешно ја заврши продажбата на својот имот во странство.

Министерството за финансии на САД минатата недела воведе санкции врз Роснефт, Лукоил и 34 нивни подружници, но одобри трансакции со компаниите до 21 ноември, доколку тие се поврзани со ограничувања на нивните активности поради воведените санкции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Американската војска нападна брод, вели дека превезувал дрога: четворица мртви
Следна Статија (Видео) Јокиќ пред историски рекорд, Остин Ривс херој на Лејкерси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, вели Димитриеска-Кочоска, намален јавниот долг

Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба…

March 2, 2025

Експлозија на АИ-поврзани јавни понуди во Кина: Нови можности и предизвици

Кинеските најистакнати вложувања во вештачка интелигенција носат импресивни добивки, но странските инвеститори среќаваат комплексни услови

December 23, 2025

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?