Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје
СВЕТ

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје

Објавено October 26, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин.
Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“.

Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рече на Путин дека ракетата прелетала 14.000 км и била во воздух околу 15 часа кога била тестирана на 21 октомври.

Русија тврди дека ракетата 9M730 „Буревестник“ – наречена SSC-X-9 Skyfall од НАТО – е „непобедлива“ за сегашната и идната противракетна одбрана, со речиси неограничен дострел.

Тоа е уникатно оружје што никој друг во светот го нема – рече Путин, облечен во камуфлажна униформа, на состанокот на командниот пункт со генералите што ја надгледуваат војната во Украина, во соопштение објавено денеска од Кремљ .

Путин рече дека некои руски експерти еднаш му рекле дека такво оружје веројатно никогаш нема да биде можно да се изгради, но сега, рече тој, неговото „клучно тестирање“ е завршено.

Герасимов рече дека ракетата е на нуклеарен погон и дека овој тест е различен затоа што летала на толку голема далечина, иако дострелот е во суштина неограничен. Тој рече дека може да ја победи секоја ракетна одбрана.

Русија и САД заедно поседуваат околу 87 проценти од глобалното нуклеарно оружје. Русија има 5.459 нуклеарни боеви глави, додека САД имаат 5.177, според Федерацијата на американски научници (FAS).

Стратешките сили се целосно способни да ја зачуваат националната безбедност на Руската Федерација и Сојузот на Русија и Белорусија – рече Путин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ветераните на ОНА му го вртат грбот на ДУИ? Хазби Лика и Гзим Острени на средба со челниците на Вреди
Следна Статија Мицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин. Хуманитарната катастрофа…

July 26, 2025
СВЕТ

Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску

Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денеска на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану. Илиеску…

August 5, 2025
СВЕТ

Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“. Како…

October 13, 2024
СВЕТ

Објавени фотографии од екипажот на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?