Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“
СВЕТ

Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

Објавено December 15, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Централна банка на Русија покрена тужба против клириншката куќа со седиште во Брисел, „Еуроклир“, барајќи отштета од 18,2 трилиони рубљи или 200 милијарди евра, јавија белгиските медиуми.

Во тужбата покрената пред Суд во Москва, Банката ја бара оваа сума како надомест за своите финансиски загуби предизвикани со блокирањето на нејзините околу 185 милијарди евра депонирани во „Еуроклир“, како и за изгубениот приход од нив во изминативе речиси четири години.

Банката уште во петокот најави дека ќе ја тужи „Еуроклир“ поради „штетни активности што ја спречуваат слободно да располага со сопствените средства и хартии од вредност“. Централната банка на Русија, дополнително оцени и дека сите директните и индиректните обиди на ЕУ за користење на замрзнатите руските средства се „целосно илегални“ и во спротивност со меѓународното право, бидејќи го нарушуваат „суверениот имунитет на државните средства“.

Информациите за покренатата тужба на руската Банка против „Еуроклир“ доаѓаат во пресрет на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) посветен на т.н. заем за репарации, што ќе се одржи вечерва.

Состанокот првично беше предвиден за вчера, но беше одложен за денеска на предлог на Данското претседателство со Советот на ЕУ, со цел да се добие дополнително време за да се убеди Белгија да се согласи на планот за користење на замрзнати руски средства за исплата на заем од 210 милијарди евра на Украина за покривање на нејзините финансиски потреби за 2026 и 2027 година.

Но, Белгија повеќе не е единствената членка на ЕУ која се противи на користењето на замрзнатите руски средства. Против планот минатата недела се изјаснија и Италија, Малта и Бугарија, а се очекува на предлогот да се спротивстават и Унгарија и Словачка. Дополнително и новиот чешки премиер Андреј Бабиш за време на викендот изрази резерви кон предлогот за користење на руските средства, изјавувајќи дека Прага не е подготвена да ги обезбеди финансиските гаранции што ги бара Белгија за да го поддржи заемот за репарации.

Теоретски, врз основа на минатонеделната одлука за активирање на членот 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, што овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство, наместо со консензус, останатите земји членки би можеле да го усвојат планот за заемот за репарации и покрај противењето на овие седум држави.

Сепак, се очекува да се направат обиди предлогот да биде усвоен со согласност на сите или барем на најголемиот можен број земји членки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kaј селото Никулец во Преспанското езеро пронајден откриен редок органски материјал
Следна Статија Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украина: Погодивме складиште за дронови во Русија

Украина соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на самоубиствени дронови со долг дострел „Шахед“ во руската област…

December 28, 2024
СВЕТ

Популарната жичница „Глорија“ во Лисабон излета од шините, 15 мртви и 18 повредени (ВИДЕО)

Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, вчера излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се…

September 4, 2025
СВЕТ

Елон Маск најавува изградба на град на Месечината наместо на Марс

Извршниот директор изјави дека компанијата ја менува стратегијата и се фокусира на создавање на "самонарастлив град" на Месечината поради поголема…

February 10, 2026
СВЕТ

Нетанјаху влезе во Газа и испрати јасна порака кон Хамас

Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која јаснос е гледа како тој е длабоко…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?