Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување агресивни тумори во мозокот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување агресивни тумори во мозокот
ЗДРАВЈЕ

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување агресивни тумори во мозокот

Објавено June 7, 2026 19:21
Сподели
Сподели

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави Министерството за наука и високо образование на Русија.

Како што наведе министерството, тим истражувачи и лекари презентираа нови пристапи за откривање и лекување на болеста, вклучително и употреба на радиоактивни аптамери во дијагностиката.

Според соопштението, новиот радиофармацевтски препарат се користи во ПЕТ/КТ дијагностиката, каде што аптамерите се врзуваат за туморското ткиво по интравенозна администрација и овозможуваат негово попрецизно откривање.

Во терапевтскиот дел од истражувањето, научниците ги поврзаа аптамерите со антитуморски молекули за да ги насочат лековите директно кон клетките на глиомот, со цел да се зголеми ефикасноста на третманот и да се намали оштетувањето на здравото ткиво.

Истражувачите рекоа дека идентификувале и неколку аптамери кои ја зголемуваат чувствителноста на туморските клетки на радиотерапија, а воедно го ограничуваат нивното ширење на здрави делови од мозокот, што би можело да го намали ризикот од повторување на болеста и да го продолжи животот на пациентите.

Една од насоките на истражување вклучува примена на молекуларниот коктел „GQ comby“, за кој научниците тврдат дека може да ги „репрограмира“ малигните клетки.

Според Министерството за наука, новите препарати покажале охрабрувачки резултати во претходните истражувања, моментално се во процес на патентирање и се подготвуваат за претклиничко тестирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најголемиот LEGO сет во историјата: „Саграда Фамилија“ со 12.060 коцки чини 750 евра
Следна Статија Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во…

April 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени се 80 илјади дози

Министерството за здравство информира дека од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои…

October 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Доставени осум случаи до Интерната комисија, побаран надзор и од Лекарската комора

Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а…

September 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?