Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната
СВЕТ

Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната

Објавено July 6, 2026 10:22
Сподели
Сподели

– Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“.

Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на денешниот свет ставиле крај на таквиот начин на размислување. Сојузниците сега мора забрзано да ја задвижат сопствената одбранбена индустрија за да бидат подготвени за потенцијална војна.

Во текстот се наведува дека моменталните европски производствени капацитети не можат да ја следат побарувачката на пазарот. Воената поддршка што Западот ѝ ја испраќа на Украина, како и развојот на конфликтот на Блискиот Исток, извршија огромен дополнителен притисок врз воените резерви на земјите членки, пред сè во сегментот на ПВО-пресретнувачи и системи за борба против дронови.

Како клучна причина за итното вооружување, Руте и Фон дер Лајен го издвојуваат зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.

Тие нагласуваат дека Москва инвестира повеќе од 40 отсто од државниот буџет во одбраната и деноноќно произведува воена опрема, поради што западната воена индустрија мора да реагира побрзо и помасовно од досега.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Се вратив, по една година повреди со многу маки
Следна Статија Халанд: Никогаш не сонував за ова и мислам дека е малку надреално да се биде во моментот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Денеска ќе го нападнеме Иран многу силно

Новинарите во Овалната соба го замолија американскиот претседател Доналд Трамп да ја разјасни својата претходна изјава дека Иран „ќе мора…

June 10, 2026
СВЕТ

Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон…

November 18, 2025
СВЕТ

Автомобилскиот сојуз на Германија ги повикува граѓаните да ги наполнат со гориво резервоарите на автомобилите

Најголемиот автомобилски сојуз, германскиот ADAC, ги повика граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили, затоа што се уверени дека…

June 15, 2025
СВЕТ

Излезни анкети: Водство на Никушор Дан на претседателските избори во Романија

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?