Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески жали за оставката на Ленче Ристоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески жали за оставката на Ленче Ристоска
МАКЕДОНИЈА

Савески жали за оставката на Ленче Ристоска

Објавено April 2, 2026 19:03
Сподели
Сподели

„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“ изјави меѓу другото републичкиот јавен обвинител Ненад Савески за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека станува збор за лична одлука за која бил информиран по нејзиното поднесување.

Тој рече дека „Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“.

„Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција. Сите одлуки што ги носам од почетокот на извршувањето на оваа функција и што ќе продолжам да ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“ порача Савески.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети преку писмо потсетува: Албанскиот јазик бил темелот на државата
Следна Статија АРМ објави оглас за 300 нови војници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановски: Проклетството на Трамп и како Македонците да ја преживеат европската апокалипса

Европа ваква каква што ја познаваме ќе исчезне за околу 20 години, предвидува Америка во својата најнова Национална стратегија. Како…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?