Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации
МАКЕДОНИЈА

Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации

Објавено April 7, 2026 14:05
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниот систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна држава.

Соговорниците ја истакнаа важноста од обезбедување максимална независност и самостојност на правосудните органи, како суштински предуслов за владеење на правото.

Претседателот Костадиновски нагласи дека политиката и државните органи треба да покажат повисока уставна, правна и политичка култура и да се воздржат од какви било влијанија и притисоци врз правосудството. Тој посочи дека транспарентноста е еден од клучните приоритети на Судот, при што воведувањето на јавно емитување на седниците претставува значаен чекор кон поголема отвореност и отчетност.

„Обидите за политизација и етнизација на работата на Уставниот суд и на било кој правосуден орган, како и креирањето перцепција за недоверба во институциите, претставуваат директен удар врз демократијата. Крајно време е политиката да ги тргне рацете од правосудниот систем, а правосудниот систем да испорача конкретни резултати“, истакна Костадиновски.

Јавниот обвинител Савески потенцираше дека без јасна одговорност и мерливи резултати не може да се говори за вистинско владеење на правото. Тој додаде дека транспарентноста е неопходен предуслов за зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

„Јавното обвинителство останува цврсто посветено на доследно, навремено и непристрасно постапување, но истовремено е неопходно сите институции да преземат активна улога и да придонесат кон создавање систем што дава резултати. Недовербата во правосудството може да се надмине само преку конкретни постапки, професионален интегритет и видлива отчетност. Владеењето на правото не е декларативна определба, туку обврска која бара континуирана и одговорна акција“, истакна Савески.

На средбата, претседателот на Уставниот суд го информираше државниот јавен обвинител и за остварените работни средби во Атина, како и за можностите за понатамошна соработка, размена на искуства и поддршка на заеднички иницијативи, особено во пресрет на претседавањето на Грција со Европската Унија во 2027 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот досега не видел ваква криза со нафтата и гасот!
Следна Статија „Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и ендокринологот Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

Летното сметање на времето ќе заврши в недела, 26 октомври 2025 година. Тоа значи дека во 3 часот по полноќ…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синдикат на полиција: Зошто ОЈОГОКК молчи за кривично дело над 25 милиони евра сторено од поранешниот министер Спасовски?

Денес сме пред ОЈОГОКК, по не знаеме кој пат да потсетиме за основната обврска што ја има оваа институција, а…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одобрено во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН,…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?