Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство
ПОЛИТИКА

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

Објавено June 11, 2026 14:39
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на Обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултатите се легитимни, но дека самостојноста на институцијата е загарантирана со Уставот и законите. Паралелно, информира дека истрагата за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза, а предметот „Мазут“ е во постапка пред Вишото јавно обвинителство, од каде што се очекува одлука во законски предвидениот рок.

– Сè уште стојам на ставот дека нема да коментирам изјави на политичари, вклучително и функционери, или конкретно претседателот на Владата. Меѓутоа, како што кажав и претходно, секој има право да ги изнесува своите ставови, а ние имаме обврска да ги исполниме очекувањата и да дадеме резултати, што е сосема природно – изјави Савески.

Во однос на изјавите на премиерот дека „трпението му е при крај“, како и неговото право да комуницира со Обвинителството, Савески вели дека не гледа ништо спорно во самата комуникација.

– Не знам во колкава мера е тоа надлежност на премиерот, меѓу другото, да се јавува кај јавен обвинител, меѓутоа, како и секој друг што има право да ми се јави, ми се јави и премиерот, односно претседателот на Владата, и тука не гледам ништо спорно. Сум истакнал и во моите претходни изјави дека секогаш сум за соработка меѓу институциите. Во овој случај, комуникацијата помеѓу Јавното обвинителство и другите институции сметам дека е неопходна со цел постигнување резултати. А за да се постигнат резултати, потребно е да се обезбедат и услови. Во голем дел токму извршната власт има задача и улога да обезбеди услови за работа на јавните обвинители – рече Савески.

Тој ја отфрли можноста ваквите комуникации да влијаат врз самостојноста на Обвинителството.

– Самостојноста е неоспорна и е предвидена и во Уставот и во матичните закони по кои постапува Јавното обвинителство. Така што, било каква реакција не можам да ја сметам како влијание врз мене при носењето одлуки или постапувањето. Во оваа пригода испраќам порака и до сите јавни обвинители – без оглед на разни активности, дејства или изјави – да не дозволат тоа да се одрази врз нивното секојдневно постапување и одлучување – изјави јавниот обвинител.

Во однос на актуелните предмети, Савески информира дека истрагата за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза.

– Она што е најново е дека имаше состанок со истражителите, односно со истражителите од МВР и тимот на истражители што работи на овој случај во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Имаше координативен состанок, на кој присуствував и јас. Се изготви план за понатамошни истражни дејства. Според информациите со кои имав увид како од надлежниот јавен обвинител така и од истражителите, истражните дејства се во завршна фаза, така што сметам дека многу бргу ќе има јавнообвинителска одлука во врска со овој случај – рече тој додавајќи дека видеоснимките се предадени и се предмет на анализа.

За предметот „Мазут“, пак, посочи дека моментно е во Вишото јавно обвинителство Скопје.

– Последниот податок што го имам е дека предметот веќе е предаден – и како физички предмет – од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал до Вишото јавно обвинителство Скопје. Релативниот рок од 30 дена сè уште тече, така што очекувам дека во разумен рок, кој му е потребен на надлежниот виш јавен обвинител, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана – посочи тој во изјава за медиумите по денешната седница на Советот на јавните обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали беше гол? Единствената светска титула Англичаните ја освоија нерегуларно
Следна Статија ДЗР: Се исплаќала социјална заштита без исполнување на законските услови, нанесена штета на Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните…

January 19, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Престанете да ги лажете своите гласачи, очигледно не сакате реформи

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?